ИСХРАНАТА Е МНОГУ ВАЖЕН ФАКТОР

Зошто маслиновото масло е добро за срцето?

Секој тип на холестерол не е ист и доаѓа во здрава и нездрава форма. Се смета дека лошиот холестерол (LDL), кој докторите сугерираат да не се консумира често, го има во црвените меса и пржената храна, додека добриот (HDL), го елиминира LDL кој се таложи на ѕидовите на крвните садови и го зголемува ризикот од срцев удар. Ако даваме заклучок според тоа, зголемувањето на нивото на HDL го заштитува срцето од оштетување.

Тоа е така во теорија, меѓутоа студии кои ги набљудуваат нивоата на HDL и ги поврзуваат со настани поврзани со срцеви заболувања не секогаш покажуваат дека поголемо ниво на HDL значи и помал ризик од болест, а научниците сега можеби конечно знаат зошто е тоа така.

Во најнова студија која опфаќала 300 луѓе со висок ризик од срцеви заболувања, истражувачите заклучиле дека само високи нивоа на HDL не се доволни да го одржат срцето здраво, но медитеранската диета му помага на овој тип на холестерол да работи многу поефикасно.

Во студијата која траела една година, на случајно одбрани поединци им била давана исхрана која се состоела или од малку масти со малку црвено месо и многу овошје и зеленчук или од две верзии на медитеранската диета: една збогатена со маслиново масло и друга со ореви. По една година, истражувачите ги споредиле нивоата на холестерол во крвта кај партиципантите во однос на нивните почетни нивоа и откриле дека само оние кои се хранеле со немасната немедитеранска исхрана ги намалиле тоталните, како и нивоата на LDL холестеролот, но оние кои се хранеле со медитеранската исхрана имале подобро функционирачки HDL холестерол.

Најголемо подобрување во HDL функцијата покажала групата која внесувала поголема количина на маслиново масло – нивниот HDL холестерол бил поспособен да го отстранува LDL холестеролот од крвните садови и да го пренесува во црниот дроб за отстранување, а и подобро функционирал како антиоксиданс, заштитувајќи го организмот од штети предизвикани од воспалувања кои можат да ги ослабат крвните садови и да ги направат повеќе подложни за собирање наслаги кои можат да предизвикаат срцев удар. Нивниот HDL исто така имал подобра способност да ги одржува крвните садови еластични и лесно свитливи.

Важно е да се наспомене дека ниеден од трите режима на исхрана значително не ги зголемил нивоата на HDL, а исто така научниците од компаниите кои произведуваат лекови сè уште немаат пронајдено лек кој ги зголемува овие нивоа.

Според најновиве резултати, поверојатно е дека тие ќе треба да се фокусираат не на зголемувањето на нивото на HDL, туку на максимално оптимизирање на неговата функција – нешто што маслиновото масло го прави природно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби