Дали микробрановата ги „убива“ хранливите состојки?

И покрај она што може да се прочита на Интернет, готвењето на храната во микробранова печка не ги „убива“ хранливите состојки во неа, барем не сите и во секој вид храна. Всушност, одредени хранливи материи дури може да ги направи подостапни за вашето тело.

Истражувањата на оваа тема покажуваат дека кога во микробранова печка се готви зеленчук како брокула, спанаќ и слично, дел од Б витамините и некои други кои се раствораат во вода се губат.

Изгубената количина зависи од должината и силината со која што храната се готви. Обарување на брокула во микробранова печка 90 секунди не е исто што и нејзино изложување на овие бранови 5 минути. Во суштина, варење на било кој зеленчук ги уништува поголемиот дел од хранливи состојки во него, така да (со исклучок на компирите), избегнувајте го тоа.

Иако дел од витамините во некои случаи се губи, процесот на готвење може и да ослободи разни хранливи состојки како антиоксидансите, овозможувајќи нивна подобра апсорпција во телото.

Истражување од Универзитетот во Осло покажало дека варење со пареа или во микробранова печка на моркови, спанаќ, печурки, аспарагус, брокула, зелка, зелени и црвени пиперки или домати, води до зголемување на антиоксидансите во нив, а дополнителни истражувања велат дека ликопенот, моќен антиоксиданс кој ја дава црвената боја на доматите и лубениците, подобро се апсорбира во телото кога се консумира зготвен или во процесирани продукти од домати: салса, сос за шпагети, кечап и слично отколку преку свежи домати.

Доколку ја користите микробрановата печка за готвење на зеленчукот со пареа, внимавајте да не додадете количина на вода која ќе доведе до нејзино вриење и внимавајте да не ја преварите храната. На тој начин ќе се осигурате дека внесувате максимум витамини, минерали и антиоксиданси од неа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби