Како влијае на нашето здравје летното сметање на времето?

Летното сметање на времето започнува во последната недела во март, односно денес (26 март), со што часовникот се поместува за еден час нанапред.



Психолозите и стручњаците за спиење тврдат како повеќето луѓе потешко се прилагодуваат на доаѓањето на пролетта, отколку на доаѓањето на есента, токму затоа што губиме еден час сон. Тоа е слично со патувањето со авион: патувајќи источно губиме време. Одењето на спиење порано може да предизвика потешкотии со спиење и зголемена будност за време на првиот дел од ноќта. Патувајќи западно, лесно ќе заспиеме, но потешко ќе се разбудиме. За луѓето кои строго се држат до распоредот за спиење, што стручњаците и го препорачуваат за оптимален одмор, губењето на еден час сон може да предизвика неколку проблеми, барем во првите неколку денови.

Што значи летното сметање на времето за човекот?

Една американска студија покажала дека поместувањето на стрелките еден час напред го зголемуваат ризикот од срцев удар токму во оној понеделник по менувањето на времето за 25% во споредба со другите понеделници. Од друга страна пак, ризикот од срцев удар се намалува за 21% првиот вторник по менувањето на часовникот и луѓето спијат еден час подолго. Истражувачите дошле до овој заклучок анализирајќи ги податоците на пациентите во болницата во рок од четири години.



Што може да направите за да го ресетирате вашиот внатрешен часовник за што побрзо да се прилагодите на временските промени?

Вашиот деноноќен ритам е интерно генериран, но е под влијание на околината, однесувањето и лековите. Светлината поттикнува излачување на мелатонинот, кој го регулира деноноќниот ритам на организмот. Затоа, важно е да излегувате на дневна светлина што е можно почесто, но и мора да внимавате на светлината која ја користите навечер. На пример, користењето на електронски уреди непосредно пред спиење, има високо влијание на сонот и будноста и може да има клучна улога во постојаниот недостаток од сон, бидејќи емитира сина светлина која може да го попречи ритамот. Затоа, настојувајте да гледате во мобилен, таблет, компјутер или телевизор барем еден час пред спиење. Се покажало дека децата и адолесцентите кои навечер користат електроника покасно одат на спиење, спијат неколку часа пократко и се поспани во текот на денот.

Како подобро да ја поднесете промената на времето?

Многу е важно да одите во кревет и да се будите во исто време секој ден – дури и за викенд. Иако нема докази дека одредена исхрана влијае на ритамот, јаглехидратите би можеле да го олеснат заспивањето. Најверојатно нема да ви бидат потребни лекови за еден час временска промена, но во одредени околности, како на пример патување во различни временски зони, може да ви дојдат од корист. Одете 10-15 минути порано на спиење и будете се 10-15 минути порано од вообичаено.



Сепак, постојат и некои придобивки

Одлично е тоа што повеќе поминуваме време во природа, а помалку пред тв екраните или нашите компјутери. Денот подолго трае, па луѓето може да бидат на отворено и да уживаат во свежиот воздух и сончевите зраци. Исто така, може да се чувствувате подобро, бидејќи сонцето свети дури и кога си одите дома од работа. Познато е дека сончевата светлина го зголемува лачењето на серотонинот, кој го подигнува доброто расположение.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби