Знаци дека сте ментално уморни

Многу често луѓето кои имаат премногу обврски, стресови и се воркахолици, чувствуваат дека едноставно не може да продолжат повеќе. Токму ова е првиот знак на менталниот умор, кој покажува дека толку ви е капацитетот, веќе не можете да направите ништо, туку само да се одморите. Кои се останатите знаци?



Свесни сте дека има премногу работи кои ги правите моментално

Најверојатно се чувствувате обземени од сите звуци, мириси, погледи, ментални активности, физички движења, слушањето на другите... понекогаш овие случувања во пребрза атмосфера може да биде премногу за вас.

Кога внесуваме премногу податоци кои доаѓаат од нашите осети, мозокот може да почне да покажува знаци на стрес и ментален умор. Честопати, во оваа состојба, не ги слушаме луѓето па бараме од нив да ни го повторат она што ни го кажале, но и пропуштаме важни детали.

Обидете се да ги исклучите сите бучни уреди кои може да ги контролирате, како на пример радиото, телевизорот, некои звучни светла.. Свртете се кон соговорникот и гледајте го во очи за целосно внимание. Лимитирајте го мултитаскингот.

Ретко земате одмори

Не се сеќавате кога последен пат сте биле на одмор? Едно истражување покажало дека постојат две стратегии кои им помагаат на индивидуите поефективно да го менаџираат менталниот умор: избегнување на работите кои го предизвикуваат овој умор и одмор.

Ограничете ги мислите за тоа колку работи треба да завршите. Ако сте во можност, доделете неколку задачи на луѓе кои им верувате или одложете ги за подоцна, доколку не се итни.

Од друга страна пак, одморот е малку потешко да си го дозволите, доколку сте воркахолик. Сепак, мора да си дозволите барем еден ден во спа или масажа, кој ќе ви овозможи подобро да размислувате.

Имате ментална блокада

Ментална блокада е кога сте ментално оптеретени и веќе не можете да мислите. Мозокот сам стопира со размислување и си го зема потребното време да се одмори и повторно да почне да мисли.



Поемоционални сте

Депресијата и анксиозноста се симптоми на ментален умор, бидејќи може да се почувствувате безнадежно, но и енергијата ви е на многу ниско ниво. Исто така може да чувствувате нервоза кон личноста со која соработувате и кога нема никакво подобрување во работата.

Физички симптоми

Главоболки, дијареја, тврда столица, намален апетит, инсомнија се само некои од физичките симптоми кои може да ги искусите за време на овој вид умор. Иако може да се консултирате со вашиот доктор, сепак некој терапевт може повеќе да ви помогне.

Заборавате мали, но важни работи

Мозокот ви прима премногу информации наеднаш, но не може се да меморира истовремено. Мозокот ги сортира работите кога вие спиете.

Во меѓувреме, ќе имате потешкотии да запомнете некои работи или да се фокусирате на нешто.

Ако некој ви постави уште само едно прашање, може да експлодирате

Одговарањето прашања и донесувањето одлуки цел ден може да ве остави уморни и повеќе да не може да одговарате на ниту едно прашање. Луѓето ќе мора да се снајдат без вас, бидејќи може да „експлодирате“ во секој момент.

Одморете на момент, понекогаш и само 20 минути на сонце се сосема доволни.

За крај, грижете се за мозокот, тој ќе ви треба за цел живот!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби