Дали може да се спречи деменцијата?

Деменцијата е постепено, но хронично губење на когнитивните способности. Луѓето кои патат од оваа болест имаат потешкотии при памтењето и се соочуваат со многу лоши ситуации.

Со тек на време, овие пациенти се повлекуваат во себе, го менуваат својот карактер, стануваат сомнителни и раздразливи.



Во главно, причината за оваа болест е оштетување на мозокот. Лекарите се трудат да ја забават болеста со различни лекови, но се уште немаат решение за неа. Токму затоа, стручњаците предлагаат да се прават редовни вежби на телото и мозокот, преку кои може да дојде до ублажување на симптомите.

Образование

Позната е изреката „Целиот живот се учи“. Кога би го примениле тоа со читање на книги, нашиот мозок би бил во постојана функција, па деменцијата потешко би нè совладала. Учењето нè присилува да паметиме одредени информации со што ни се одржуваат когнитивните функции.

Крстозбори и дружење со пријателите

Луѓето кои сакаат да играат карти, да решаваат крстозбори, да читаат книги, да се дружат со пријателите имаат помали шанси дека ќе добијат деменција.



Вежбање

За здрав мозок, потребно е и здраво срце. Лекарите предупредуваат дека ризиците од висок холестерол, зголемен крвен притисок и дијабетес може да влијаат на работата на мозокот еднакво како и на нашето срце. Слабото здравје на срцето значи и слаб доток на крв во мозокот, кој е важен за негување на нервите.

Иако овие трикови не ја спречуваат деменцијата или Алцхајмеровата болест во целост, сепак овозможуваат да им го продолжиме векот на нашите когнитивни функции и да го зајакнеме нашето помнење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби