ПИЕТЕ ОД СЛАМКА

7 причини зошто се чувствувате надуено – кои немаат врска со храната

Чувството на науденост на сите ни е познато. Честопати сметаме дека за тоа е виновно прејадувањето или некоја одредена храна, но има моменти кога ја избегнуваме таа храна и пак се чувствуваме така. Зошто?



Пиете преку сламка

Што пиете и на кој начин пиете, влијае врз тоа дали ќе се чувствувате наудено. Кога пиеме преку сламка, преку голтањето внесуваме додаден воздух, кој влегува директно во нашиот стомак, па поради тоа мора да ги избегнуваме сламките што е можно почесто.

Пиете газирани сокови



Преку сите газирани пијалоци како што е пивото или соковите, ги внесувате во стомакот токму тие меурчиња кои ги гледате во течноста. Важно е да внимавате и на диеталните сокови, кои содржат вештачки засладувачи кои телото потешко ги разградува.

Синдром на иритабилно црево

Ова е хронична состојба на дигестивниот тракт, попратена со болки во стомакот, дијареа или потешкотија при извршување нужда. Повеќето заболени, особено жените, чувствуваат силна надуеност.

Користење лекови

Постојат лекови кои предизвикуваат надуеност, а најчесто до тоа доаѓа при користење на хормонски таблети. Исто така, подуеност може да почувствувате и од таблетите против болки и антибиотиците. Антибиотиците ги убиваат лошите, но и добрите бактерии, па поради тоа стомакот ви е тврд.

Седите долго време



Потојаното седење му предизвикува на телото различни проблеми. Додека долго седиме се забавува целиот организам, па така и дигестивниот тракт. Потрудете се барем на секој еден час да станувате и да се раздвижете.

Често патувате

Независно од тоа дали патувате работно или поради сопствено уживање, надуеноста по возење во авион е нормална појава. На висини и под притисок, телото се полни со гасови и се чувствуваме надуено. Исто така, кога патуваме не се држиме до здрава исхрана, но и немаме време за одредени вежби.

Ретко, но не се исклучува можноста, да станува збор за рак

Ракот се појавува со други симптоми. Кај ракот на дебелото црево многумина имаат анемија, крварење од аналниот канал, како и невообичаено намалување на телесната тежина. Болките во стомакот и намалените килограми се едни од симптомите за рак на јајниците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби