Крвни групи поврзани со ризик од срцев и мозочен удар

Ново истражување пронашло поврзаност помеѓу имање на крвна група која не е О (т.е нулта) и зголемен ризик од срцев и мозочен удар.

Анализата на повеќе од 1.3 милиони луѓе покажала дека оние со крвна група која не е О+ или О- имале 9% поголема шанса за кардиоваскуларни нарушувања, но научниците сè уште не се сигурни што ја предизвикува оваа поврзаност.

Доколку поврзаноста научно се потврди, ќе има важни импликации за персонализираната медицина.

Нечија крвна група се базира на специфична мешавина од антитела и антигени присутни во крвните клетки, и се одредува уште пред раѓањето, базирано на крвните групи на родителите. Најзастапени крвни групи се од типот О (скоро 45% од жителите на САД), додека останатата половина жители имаат А, Б, или комбинација од двете.

Претходно истражување сугерирало дека луѓето со крвна група А имаат повисок холестерол од оние со другите крвни групи, што може да е една од причините за резултатите од најновата анализа.

Уште едно можно објаснување е фактот што групите кои не се О имаат зголемена концентрација на протеинот за згрутчување на крв наречен Вон Вилебранд фактор, кој претходно бил асоциран со состојби како мозочните удари, како и фактот дека молекулот наречен галектин-3 кој е поврзан со разни воспаленија го има во поголеми дози кај не-О групите.

Добрата вест е дека во реалноста постојат многу поважни фактори на ризик кои дел можеме активно да ги контролираме, без разлика на крвната група - возраста, генетиката (фамилијарната историја и етничката припадност), исхраната, тежината, нивото на физичка активност, пушењето, крвниот притисок, холестеролот и дијабетесот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби