Вежби за превенција од болки во колената

Колената се постојано изложени на притисок од различен интензитет, бидејќи ги користиме за седнување, станување, одење, трчање и неброени движења со нозете. Еве 5 најдобри вежби за превенција на болките во нив:

1) Пешачење

Пешачењето е една од најдобрите вежби за општото здравје, а е исклучително корисно за колената, особено кај постарите личности. Тоа е ефективна кардиоваскуларна вежба која најмалку ги оптоварува зглобовите, а доволно е само 15-30 минутно пешачење секој ден за да тие се оддржуваат во добра форма.

2) Подигање на нозете

Добар начин за одржување на здрави колена е зајакнување на мускулите околу нив, што го редуцира стресот кој тие го трпат при разните движења. Оваа вежба може да ја правите и на специјализирана машина во теретана, но и било каде по дома. Потребно е да легнете на подот, и додека едната нога е спуштена, да ја подигате другата околу 30cm. Повторувајте го ова со двете нозе во 3 сета од 10 до 12 повторувања.

3) „Ѕидно седење“

Оваа вежба ги зајакнува квадрицепсите и останатите помалечки мускулни групи околу зглобовите на колената, што како резултат ги одржува здрави со тек на годините. Се изведува така што со грбот се лепите за ѕидот и се спуштате во положба како да седите на столче. Колку пониско седнувате, толку вежбата е потешка и се чувствува поголем притисок во колената. Внимавајте бедрата секогаш да се паралелни со подот, и останете во оваа положба најмалку 30 секунди, или додека мускулите комплетно не ви откажат.

4) Истегнување на колено-до-бутот

Ова истегнување ги активира сите поголеми делови од ногата, коленото, и долниот дел од грбот. За да го изведете, седнете на подот со двете нозе исправени пред вас, и левата нога поместете ја кон задникот. Спуштете го левото колено на страна, поставувајќи го левото стопало на внатрешната страна од десниот бут. Потоа, превиткајте се во половината и полека движете се нанапред, испружувајќи ги рацете кон прстите на нозете. Останете во оваа положба 1 до 2 минути, а потоа направете го истото но од другата страна.

5) Чекорење со подигнување

Како старееме така лигаментите околу зглобот на коленото стануваат по крути, што значи дека потешко се справуваат со стресот врз нив што може да резултира со болка или повреда. За овие лигаменти да бидат пофлексибилни, треба да се вежба зглобот на коленото на безбеден начин – а одличен начин за тоа е чекорењето со подигнување.

За оваа вежба, потребно е да поставите платформа, или користите ниска клупа или скалило, и да ги поставите двете стапала на неа. Потоа, бавно спуштајте го едното стапало кон подот, допирајќи го со прстите, и потоа вратете го на платформата. Ова повторете го 10 до 12 пати, а потоа иста таква серија повторете и со другото скопало.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби