Здрави навики кои мора да ги применувате во вашите 40-ти години

Колку и да не сакате да признаете, мора да се соочите со фактот дека сте достигнале до речиси половина век и на вашето тело веќе има видливи знаци на старост. Сепак, за сè да биде во најдобар ред, мора константно да правите здравствени прегледи. Токму лекарите се согласуваат со следните совети:

Прегрнете ги промените



Откако ќе наполните 40 години, може да се соочувате со некои промени. Може да искусувате проблеми при спиење или пак со намален вид. За секоја промена која ќе ја забележите не треба да се нервирате или да паѓате во депресија. Наместо тоа прегрнете ги промените и започнете да правите некои добри работи за вашето здравје.

Наспијте се



Сега, повеќе од кога и да е, основно е да спиете од 7 до 9 часа во текот на ноќта. Доволниот сон не е само поврзан со продуктивноста, туку и со целокупното здравје на човекот. За да си легнувате на време потребно е да го подготвите вашето тело за сон.

Завршете ја работата најмалку два часа пред да си легнете, исклучете ги сите екрани еден час пред да одите во кревет и избегнувајте било што би можело да ви предизвика стрес. Можете да се истуширате, да се напиете топла шолја чај од некои билки, да медитирате или да читате книга.

Пијте многу вода



Како што стареете, здравствените придобивки на водата се многу важни за вашата енергија, како и за функцијата на црниот дроб. По 40-тата година, работата на метаболизмот се намалува, па затоа потребно е да пиете многу вода. Најдобро е да пиете по 8 чаши вода на ден, но тоа варира во зависност од физичката активност и климата.

Исто така, добро е да консумирате овошја богати со вода како што се цитрусните овошки, бобинести овошја, лубеница, но и краставици, пиперки и домати.

Додадете тежина при вашето вежбање



Кревањето тегови најмалку два дена во неделата е клучно за одржување на коските и на мускулната маса. Тоа е така бидејќи од 35 години почнува да се намалуваат мускулната маса и да ослабуваат коските. Сепак, за да не се повредите, зборувајте со некој тренер, кој ќе ви одреди вежби според вашето тело и досегашните вежби.

Јадете повеќе протеини



Веќе во 30-тите години почнуваме да ја губиме мускулната маса, а истото е позабележително на 40 години, клучно е да консумираме храна богата со протеини, како на пример говедско филе, јајца, пилешко, па дури и некои растителни протеини.

Грижете се за вашите гради



Ракот на дојка ги погодува една од осум жени. За повеќето жени, тестирањето со мамографија треба да започне на 40 години и да продолжува на секои две години, во зависност од ризик факторите и историјата на болести.

Сакајте си го срцето



Срцевите болести се најчеста причина за смрт помеѓу жените (една од три жени умира од срцева болест). Токму поради оваа причина, ќе сакате да правите почести тестирања како што се ЕКГ или ехо на срце, за да забележите ако има некои промени. Редовно проверувајте си го крвниот притисок, нивото на шеќер во крвта и трудете се да се соочувате со што е можно помалку стресни ситуации.

Немојте повеќе да пушите



Со сите информации кои сте ги слушнале за лошото влијание од пушењето цигари, многу од вас се уште пушат. Но, никогаш не е доцна за да престанете. Веднаш ќе ги почувствувате придобивките и ќе се почувствувате многу подобро. Пушењето не е лошо само за вашите бели дробови, туку и бубрезите, мочниот меур и речиси сите функции на телото.

Забележувајте ги промените на вашата кожа



Сега е вистинското време да го посетите вашиот дерматолог, за да направите контрола на вашите бемки, кој ќе открие да не станува збор за некоја нетипична промена. Новите бемки од сонцето се сосема нормална појава, но не и за луѓето по 40 година или повозрасни.

Од суштинска важност е секојдневно да нанесувате крем со заштитен фактор, како на лицето така и на телото.

Контрола кај очниот лекар



Токму во овој период од животот, луѓето се соочуваат со намалување на видливоста. Некои од нив се соочуваат со проблеми при фокусирање, други пак со проблеми при гледање на далечина. Можно е да ви требаат само очила за читање, но сепак добро е да вршите контрола еднаш годишно.

Заштитувајте си ги очите со често трепкање, па дури и со капки за навлажнување на очите. Носете очила за заштита од UV зраци и не го заборавајте правилото: 20-20-20, односно на секои 20 минути правете 20 секунди пауза од екранот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби