Здравствени придобивки од кефир

Кефирот е ферментиран млечен пијалак кој има вкус сличен на јогуртот, но има потенка текстура и е по питок. Toј настанува со мешање на козјо, овчо или кравјо млеко со кефирна габа која за неколку дена го ферментира.

Може да се пие без ништо, да се додава во смутија, а може да се меша и со мед, темно чоколадо и сл.

Зошто кефирот одеднаш е „ѕвезда“ на сцената за здрава исхрана? Овој пијалак е потентен извор на пробиотици – живите бактерии кои го одржуваат нашиот дигестивен систем. Иако нашите црева веќе содржат билиони бактерии, пробиотиците кои ги консумираме од здрави извори како кефирот го одржуваат нивниот баланс во телото.

Покрај тоа, со консумирање на ферментирана храна како јогурт, кисела зелка, или кефир, му помагаме на имунолошкиот систем да се зајакне, а разни истражувања покажале дека пробиотиците исто така влијаат и на нашата емоционална добросостојба, бидејќи бактериите во стомакот можат да влијаат на мозокот и емоциите.

Одредени истражувачи анализирале MRI скенови од доброволци, и било пронајдена конекција помеѓу региони во мозокот и доминантни бактерии во цревата, сугерирајќи дека мешавината од микробите може да помогне во одредување на типот на мозокот, како и на начинот на развивање на мозочните кола.

Други, пак, откриле дека замената на цревните бактерии кај анксиозни глувци со бактерии од „бестрашни“ глувци, им помогнале на оние од првата група да се помалку анксиозни и повеќе социјални.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби