Како да најдете педијатар за вашето дете на кој може да му верувате?

Речиси никој не може да ја смири мајката која се тресе на секоја покачена температура на нејзиното дете. Сепак, како сите така и таа, посегнува по докторски совет, па веднаш се обраќа кај матичниот педијатар.

Во денешно време, слушаме различни совети од докторите и некако сите се различни. Без разлика што неколку пати сте го посетиле матичниот лекар, како да не му верувате. Како да го пронајдете вистинскиот педијатар за вашето дете?

Секогаш е достапен преку телефон



Не секоја настинка бара посета на лекар. Понекогаш само еден обичен повик може да го спаси вашето дете од понатамошно влошување на ситуацијата. Поради тоа, добро е педијатарот да е достапен на телефон во секое време. На тој начин се создава добра врска помеѓу лекар и родител, која влева доверба.

Ја памти здравствената историја на вашето дете

Знаете дека покрај вас има одличен педијатар кога ја памти речиси целата здравствена историја на вашето дете. Токму поради тоа може да сте сигурни во неговите совети и неговата препишана терапија.

Го почитува вашето време



Ходниците за чекање пред ординација речиси секогаш се преполни. Понекогаш не може да влезете преку ред ако не е итна ситуацијата. Сепак, во некои периоди, кога докторот ќе ве забележи дека вашето дете е навистина во сериозна здравствена состојба и треба што побрзо да му се укаже помош, излегува од ординација, им се извинува на останатите пациенти и ве прима токму вас. Тоа е она што го одредува добриот педијатар и покажува дека му се приоритет оние пациенти кои мора итно да бидат прегледани.

Вашето дете го сака докторот

Добриот доктор ќе се поврзе на посебен начин со вашето дете. Ќе знае како да му го разубави „страшниот преглед“ кај луѓето со бел мантил кои препишуваат само буцки. На тој начин, посетата на педијатарот нема да биде толку многу страшна.

Ви се обраќа со почит



Многу лекари се обраќаат премногу стручно, што речиси и ништо не ги разбираме. Сепак, секој педијатар кој добро си ја познава работата ќе ви се обрати на начин разбирлив за вас и ќе ви ја објасни состојбата на вашето дете. На тој начин покажува дека има доста почит кон вас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби