Лекови кои мора да ги понесете на летување

Во куферот за патување, мора да оставите место и најосновните лекови. За време на летниот одмор може да се појават алергии, стомачни тегоби, изгореници и повреди, па мора да сте подготвени и да имате лекови при рака.



Најнеопходни лекови се оние за намалување на температура, како и аналгетици. Покачената температура најчесто се јавува кај децата при промена на клима, па затоа добро е да носите лекови и сирупи на база на ибупрофен или парацетамол. Не заборавајте го и топломерот, па ако температурата трае подолго од три дена, обратете се кај лекар.

Кај возрасните најчесто се јавува дијареја и повраќање, поради труење од храна, вирусна инфекција или пиење на нечиста вода. Во овој случај мора да пиете многу течности за да не дехидрирате, но и да понесете лекови кои ќе може да ви помогнат, како што се пробиотиците.



Ако во случај дојде до некоја повреда, најважно е да се запре крварењето со притискање на раната, да се исчисти раната со хидроген или јод и потоа да се заштити со завој или фластер.

Доколку патите од некоја хронична болест, набавете си од терапијата доволно лекови кои ќе ви стигнат додека сте на одмор.

Не заборавајте да понесете и нешто за црвенило или осип. Токму затоа, пред да заминете на патување, посетете го вашиот лекар кој ќе ви препише рецепти за потребните таблети. На тој начин, ќе може да сте смирени, доколку се соочите со некој здравствен проблем.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби