ДЕНЕС ТЕМПЕРАТУРИ ДО 38°

Совети за полесно да ги поднесувате високите температури

Живата во термометарот се искачува над 30-от степен, што кај многумина предизвикува проблеми во извршување на секојдневните активности. Се потиме, исцрпени сме и раздразливи. Што треба да направиме во тие моменти за да се чувствуваме подобро?

Избегнувајте излегување директно на сонце



Без разлика дали се наоѓате на море или некаде низ град, избегнувајте директно излегување на сонце, особено во периодот од 11 до 16 часот, кога УВ зраците се најјаки. Ако излегувањето е неминовно, погрижете се да се заштитите со соодветна облека и шешир.

Заштита од сонцето



Сите изложени делови на кожата намачкајте ги со крем за сончање со минимален заштитен фактор 15. Не заборавајте да ги намачкате ушите, страничниот и задниот дел на вратот и капаците на очите.

Заштитете ги очите



УВ зрачењето може многу негативно да делува и на нашите очи, па затоа многу е важно да ги заштитиме. Истражувањата покажале дека негативните последици од јакото сонце може да ги избегнете ако носите очила за сонце со вградени филтри против УВ зраци. Избирајте робусни модели на очила, кои покриваат поголем дел од очите и кои спречуваат продирање на сончевите зраци од страна.

Пијте доволно течности



Просечната личност во текот на денот треба да испие 8 чаши обична вода, а кога е изложена на високи температури треба да пие што е можно повеќе течности за да не дехидрира. Секогаш при рака треба да имате шише со вода.

Немојте премногу да се напрегате



Вежбањето на високи температури додатно ја зголемува температурата на телото со што се потиме повеќе и изложени сме на поголем ризик од дехидратација. Поради тоа може да дојде до грчење на мускулите, тромост и исцрпност, а во потешки случаи и топлотен удар. Ограничете ги активностите кои треба да ги исполнувате во текот на денот, а избегнувајте обични прошетки во најтоплите часови.

Замрачете го домот



Спречете ја топлината да влезе во вашиот дом, особено ако голем дел од домот е свртен кон исток. Најдобро е да ги спуштите ролетните, да ставете темни завеси, да го изгасете светлото во домот и да ги исклучите некои електрични апарати кои не ги користите постојано.

Не претерувајте со уредите за разладување



Ако имате потреба да го ладите домот со клима уред, секогаш внимавајте разликата во температурата помеѓу внатрешниот и надворешниот дел да не преминува 7 степени, за да не го доведете телото во температурен шок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби