5 неочекувани алергии на храна

Повеќето од нас кога ќе им се спомене алергија на храна, најчесто прво помислуваат на јајца, млеко, јагоди и слично.

Сепак, некои луѓе развиваат алергија на намирници за кои никогаш не би ни можеле да претпоставиме дека би можеле да направат проблем.

Алергените се протеини кои се наоѓаат во храната и кои може да предизвикаат абнормална реакција од нашиот имунолошки систем. Нашето тело понекогаш може да отфрли сосема нормален протеин и да создава антитела кои ќе треба да се справат со него. Интересен податок е дека денес луѓето стануваат алергични на храна која претходно не предизвикувала такви реакции. Нутриционистите тврдат дека сето тоа се должи на лошата исхрана и животниот стил.

Маршмалоу – ова популарно благо во ретки случаи предизвикува алергија и тоа поради желатинот што се користи при неговото правење. Оние кои се алергични на желатин обично се алергични и на месо.

Манго- во овој случај алергијата се јавува како резултат на хемиската состојка урушиол, која предизвикува чешање кога ќе дојде во контакт со кожата.

Авокадо- алергијата од авокадо може да се јави при јадење или при контакт со истото. При контакт предизвикува иритација на кожата, црвенило, оток и чешање, додека при јадење се јавува чешање во устата и во грлото. Истражувањата покажуваат дека луѓето што се алергични на латекс обично се алергични и на авокадо.

Пченка – алергиите на пченка се мошне ретки, но кога ќе се појават мора да се избегнуваат секакви продукти од пченка. Па, така алергијата може да се појави после јадење пченка, продукти кои содржат пченка или вдишување на полен од пченка.

Месо – во определени случаи може да се развие и алергија на месо. Со затоплување и преработување на месото симптомите на истата може да се намалат. Ако сте алергични на определен тип месо не значи дека сте алергични на сите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби