ПРЕБРОДЕТЕ ГИ ТЕШКИТЕ ДЕНОВИ

Како да се справите со горештините доколку имате висок крвен притисок?

Високите температури предизвикуваат ширење на крвните садови, поради што притисокот се намалува. Поради тоа оние кои патат од зголемен крвен притисок, во летниот период им е доволна помала доза на лекови од вообичаено. Сепак, тоа не значи дека може да прекинете со терапијата или самите да си ја менувате дозата на лекот.



На кој начин да си помогнете самите себеси?

Користете апарат за мерење притисок

Редовно контролирајте го крвниот притисок. Ако самите го мерите со дигитален апарат, изберете клинички исправен уред кој гарантира прецизна точност и придржувајте се до упатствата за мерење.

Пребродете ги „тешките“ денови

Крвотокот е чувствителен на метеоролошки промени, па кај хроничните заболени може да предизвика сериозни нарушувања на циркулацијата и крвниот притисок, па да дојде до срцев или мозочен удар. Особено се тешки деновите кога паѓа атмосферскиот притисок, а влажноста на воздухот расте. За подобро да ги поднесувате овие денови, следете ја временската прогноза.

Внимавајте да не дехидрирате



Избегнувајте да излегувате од 10 до 17 часот. Пијте доволно вода, а избегнувајте алкохол и кофеин. Јадете лесни оброци со зеленчук и овошје. Носете памучна и прозрачна облека, а главата заштитете ја со шешир.

Опасно е да излегувате од ладно на топло

Внимавајте при нагли преминувања од топло на ладно, како што е влегување во ладна вода или претерано климатизирани простории. Температурната разлика помеѓу климатизираниот и надворешниот простор не треба да е поголема од 7 степени.



Исто така, важно е да ги изберите вистинските намирници.

Риба: Од сите намирници од животинско потекло, рибата е најздрава бидејќи изобилува со протеини, а воопшто не е масна. Омега 3 масните киселини во рибата, заедно со другите хранливи состојки ги штитат крвните садови, ги намалуваат воспаленијата и го намалуваат високиот крвен притисок.

Сок од целер: Овој традиционален кинески лек докажано влијае во борбата против високиот крвен притисок. Се што ви треба е целер и блендер. Две до три чаши сок од целер го намалуваат високиот крвен притисок.

Краставица: Краставицата е природен диуретик и ќе ви помогне да го намалите крвниот притисок и притисокот во артериите. Консумирајте свежи краставици секој ден во рок од две недели и веднаш ќе ги забележите резултатите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби