Зошто е добро да пливате?

Многу лекари сметаат дека пливањето е најздравиот спорт, бидејќи се активира секој мускул, а истовремено не се создава притисок на зглобовите и половината.

Мускулите се зајакнуваат, а телото станува поиздржливо. Важно е да знаете дека пливањето помага и при губењето на килограмите и одржување на телесната тежина, но исто така има и бројни здравствени придобивки.



Здравје на срцето

Преку пливањето се зајакнува срцето. Доаѓа до подобро пумпање крв и подобра циркулација во целото тело. Исто така, пливањето влијае и врз намалувањето на крвниот притисок.

Правилно дишење

Со често пливање се зголемува капацитетот на белите дробови, а на тој начин и кислородот подобро навлегува во нашето тело. Кога пливате и дишете правилно, нема воопшто да се почувствувате уморни.

Губење на килограми

Ако пливате на море или на базен, а истовремено и вежбате, верувајте дека за брзо време ќе ги намалите масните наслаги. Истражувањата покажуваат дека за еден час пливање топите 600кгр. Имајте на ум дека при промена на техниката на пливање го обликувате и телото, бидејќи на тој начин ја масирате и кожата и мускулите.



Опуштање

Со пливањето го намалувате и нивото на стрес и нервозата која ја чувствувате при извршување на секојдневни обврски.

Добро е за бремените жени

Стручњаците препорачуваат различни вежби за бремените жени со цел да се почувствуваат подобро и полесно да поминат при пораѓање. Пливањето можеби е и најдобриот избор на вежби, бидејќи не се прави притисок врз телото, а истовремено и доаѓа до подобар проток во крвта во матката.

Ја зајакнува издржливоста

Кога ќе почнете да пливате ќе се чувствувате уморно и изнемоштено. Сепак, треба да помине некое време за телото да се навикне на тренингот и на пливањето, но подоцна воопшто нема да се чувствувате уморни.

Го намалува ризикот од болести

Како што го намалува ризикот од срцеви заболувања, така и едно истражување покажало дека го намалува и ризикот од дијабетес. Секоја физичка вежба придонесува до подобра состојба на телото, а со тоа и намалување на ризикот од многу болести.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби