Блитва – одлична за здравјето на срцето и мозокот

Блитвата спаѓа во нискокалоричните намирници, па се смета за идеален зеленчук за одржување на телесната тежина.

Содржи витамини В и С, како и бета каротин, магнезиум, железо, калиум, калциум, а преполна е и со јаглехидрати и протеини.



Одржување на здравјето на очите

Карактеристични состојки за блитвата се и лутеин и зеаксантин, попознати како „витамини за очите“. Делуваат поволно на очите, ја спречуваат макуларната дегенерација, глаукомот и слични нарушувања на видот. Лутеинот е добар и при штитење на очите од УВ зраци.

Ги чува коските

Содржи големи количини на витамин К, магнезиум и калциум, а токму овие состојки ги зајакнуваат коските и се грижат за нивен правилен раст. Витаминот К1 во цревата се претвора во витамин К2, кој поттикнува производство на остеокалцин, кој пак директно го насочува калциумот кон коските.

Го намалува ризикот од дијабетес

За дијабетесот е добар секој зелен зеленчук, а што е подобро од блитва која содржи флавоноид, познат за регулирање на шеќерот во крвта. Затоа, блитвата е одлична за сите, а особено за оние кои патат од дијабетес.



Помага при превенција на ракот

Богата е со антиоксиданси, па ги спречува слободните радикали да се шират еднакво како и клетките на ракот. Исто така, содржи голем број на витамини и минерали, бета каротин и кверцетин за кои се знае дека се добри при превенција на рак, особено при рак на дебелото црево.

Одржување на здравјето на мозокот

Ако работите некоја исцрпувачка работа која бара психичка концентрација, а консумирате тешка храна, почнете да внесувате блитва во вашата исхрана. Витаминот К и калиумот помагаат при когнитивниот развој и чување на мозокот.

Одржување на здравјето на срцето

Антиоксидансите во блитвата помагаат и при воспаленија и го забрзуваат процесот на опоравување. Го намалуваат крвниот притисок, го олеснуваат притисокот во срцето и крвните садови. Минералите помагаат за отпуштање на натриумот, а на тој начин се олеснува протокот на крв во организмот.



Помага при слабеење

Овој зеленчук содржи малку калории, а многу прехранбени влакна кои ја забрзуваат работата на метаболизмот. Влакната го намалуваат разградувањето на мастите и јаглехидратите, па на тој начин ќе имате подолго чувство на ситост.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби