Здравствени придобивки од јадењето темно чоколадо

Темното чоколадо е полно со хранливи состојки кои позитивно можат да влијаат на вашето здравје. Направено од семките на какао дрвото и е еден од најдобрите извори на антиоксиданси. Разни студии покажуваат дека, меѓу другото го намалува ризикот од срцеви заболувања. Еве некои од здравствените придобивки на оваа вкусна храна:

1) Го намалува индексот на телесната маса

Честото консумирање на мали порции темно чоколадо е поврзано со намалувањето на индексот на телесната маса, според студија објавена во журналот на интерна медицина. Биле анализирани 1018 мажи и жени на возраст од 20 до 85 год, а в предвид биле земени фактори како расположението, активноста во период од 7 дена, како и внесот на овошје, зеленчук, и заситени масти, а корелацијата помеѓу консумирањето на темно чоколадо и намалениот индекс на телесна маса била потврдена.

2) Ja зголемува мозочната моќ

Јадењето темно чоколадо може да му даде на вашиот мозок краткотраен поттик – зголемувајќи ја будноста – во траење од 2 до 3 часа, што било потврдено во студија од универзитетот во Нотингам. Флаванолите, едни од клучните компоненти на темното чоколадо, ги шират крвните садови, овозможувајќи поголем проток на кислород и крв до мозокот.

3) Го подобрува видот

Според одредени студии, партиципантите кои консумирале темно чоколадо со 720Mg флаваноли од какао покажале зголемени визуелни перформанси – како детектирање на движење или читање на букви со низок контраст – што најверојатно се должи на зголемениот проток на крв во мозокот и ретината.

4) Ги намалува воспалувањата

По јадењето на темно чоколадо, „добрите“ микроби во стомакот ги ферментираат анти-воспалителните состојки кои се добри за срцето. Антиоксидансите и влакната од какао правот не се целосно сварени сè додека не стигнат до дебелото црево каде се апсорбираат во телото, намалувајќи ги воспалувањата во кардиоваскуларните ткива и редуцирајќи го долгорочниот ризик од мозочен удар.

5) Го зголемува добриот холестерол (HDL)

Полифенолите од какао правот и темното чоколадо (во мали количини) го редуцираат ризикот од кардиоваскуларни болести преку намалување на лошиот холестерол (LDL) и зголемувањето на нивото на антиоксидирачкиот капацитет на добриот холестерол (HDL).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби