ПРОМЕНЕТЕ ГИ НАВИКИТЕ И НАМАЛЕТЕ ГО СТРЕСОТ

Навики кои прикриено предизвикуваат стрес

Во животот сме соочени со различни предизвици, па често знаеме да ја изгубиме рамнотежата и секојдневието да ни биде исполнето само со стресови и нервози. Постојат одредени навики, кои прикриено ни ја зголемуваат дозата на стрес, вели професионалниот животен тренер Ханс Бустер, кој нѐ советува како да се справиме со 5 чести навики со цел да ја вратиме рамнотежата во нашиот живот.

Имате збиен распоред



Дали ви се случува да испланирате многу работи во текот на денот, не оставајќи простор за можни грешки, но по некое правило секогаш нешто излегува? Ви доцни превозот, неодложно имате подолг телефонски разговор, сте влегле во маркет, но редот за плаќање бил многу долг...

Решение: Почнете да оставате временски резерви во распоредот. Ќе се зачудите колку 5-10 минути може да ви го променат денот. Не би имале чувство дека постојано доцните, туку ќе се чувствувате задоволно, успешно и многу поопуштено.

Одолговлекувате



Кога нешто не ви се работи, се соочувате со вистинска агонија за да се натерате себеси да почнете со работа.

Решение: Пробајте „страшната“ задача да ја поделите на помали делови. Размислете кои чекори ги опфаќа, а потоа започнете со најлесниот и најбрзиот. Секој следен чекор ќе ви дава чувство на достигнување, продуктивност и мотивација полесно да дојдете до целта.

Премногу размислувате и се преиспитувате



Кога се работи за носење на одлуки, без разлика дали станува збор за избор на нови чевли или купување на имот, сите сакаме да го направиме вистинскиот избор. Без оглед колку информации ќе собереме, повторно не сме сигурни дали тоа е тоа, па почнуваме да се преиспитуваме.

Решение: Поставете си временски лимит за секоја одлука. Донесете одлука со тие информации кои ги имате моментално и повеќе немојте да се враќате наназад.

Ако не е совршено, тогаш не вреди



Дали и кај вас мора сѐ да биде совршено, бидејќи во спротивно го гледате само она што не вреди? Иако треба да се пофали тоа дека секогаш го сакате најдоброто за себе, совршенството е речиси невозможна мисија, а заблудата дека може да го исполнете тоа само прави да се чувствувате лошо.

Решение: Наместо да се нервирате за 1% кој не е совршен, зошто не бидете горди на останатите 99% кои се добри? Научете да си опростувате себеси и да се фокусирате на позитивното. Следниот пат веднаш сетете се на добрите работи кога ќе почнете да мислите на тој 1%. Кажете си: Нема врска, уживам во целото добро што го имам.

Избегнувате да побарате помош



Оваа навика оди „рака под рака“ со претходната. Многумина кои се под стрес живеат во уверение дека мора сами да завршат сѐ, за да биде добра работата. Поради ова размислување, често го преземаат товарот кој не можат да го поднесат.

Решение: Вистината е дека со мала помош од другите луѓе, можете многу поквалитетно и побрзо да ги завршите обврските. Кога ќе видите дека потребна ви е помош, не се колебајте дали да ја побарате. Оваа навика ќе ви донесе не само олеснување и помалку стрес, туку и задоволство кое произлегува од интеракција со други луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби