ПОДОБАР МУЛТИТАСКИНГ

Како вежбањето влијае на мозокот?

Вежбањето не само што му користи на телото туку и на мозокот. Според докторите, мозокот позитивно реагира на вежбањето и кога тоа е конзистентно, мозокот станува поефикасен во создавање и испуштање на природните хемикалии кои влијаат на расположението, како серотонинот, допаминот и окситоцинот.

Тоа значи дека со вежбањето самите си креираме сопствен антидепресив. Но, тоа е само почетокот – еве на кои сè начини вежбањето буквално го менува мозокот.

1) Подобар мултитаскинг

Кардиоваскуларните вежби се асоцираат со подобри когнитивни функции, а разни студии докажале дека луѓето кои имаат интензивна активност со голем интензитет имаат и поголем волумен на мозокот. Тоа доведува до способност за подобро решавање на проблеми, процесирање на информации и мултитаскинг.

2) Подобрена меморија и учење

Според една скорешна студија, потребни се околу 6 недели аеробни вежби за зголемување на големината на хипокампусот, делот на мозокот кој е одговорен за формирање на сеќавањата и активностите поврзани со учењето.

Хипокампусот има уникатен капацитет да генерира нови неврони секој ден – до 700. За жал, повеќето од нив не преживуваат доколку немаат поддршка од телото за и понатаму да растат.

Вежбањето не само што ја зголемува продукцијата на неврони, туку и помага тие млади неврони да се развиваат, што претставува значително подобрување на меморијата. Некои студии дури сугерираат дека секојдневно пешачење од само 1,5km дневно го намалува ризикот за Алцхајмеровата болест за скоро 50%.

3) Побавно стареење на мозокот

Како телото, и мозокот старее и покажува знаци на влошување на неговата состојба. Вежбањето го забавува овој процес.

Студии докажале дека оние кои имале повеќе физичка активност во период од 5 години покажале подобри резултати кога биле тестирани нивните когнитивни способности кои вклучувале размислување, брзина на размислувањето, меморија и организација, во споредба со помалку активната група. Поврзаноста на вежбањето со ова е што тоа ги намалува ризичните фактори кои го спречуваат дотокот на крвта во мозокот, како што се високиот крвен притисок, дијабетесот и срцевите заболувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби