Како влијае стресот врз нашето тело?

Стресот не е нешто што се случува само во вашата глава, туку неговите ефекти влијаат на скоро секој дел од телото.

Едноставно кажано, стресот е начинот на кое нашето тело реагира на потенцијална опасност. Кога мозокот ќе забележи закана, испраќа сигнали до одредени жлезди за ослободување на хормони – адреналин и кортизол – кои ја зголемуваат будноста, срцевиот ритам, протокот на крв во мускулите и сл.

Во идеален свет, телото би реагирало на стресот и потоа би се вратило во првобитната состојба, меѓутоа во модерниот свет стресот е повеќе хроничен отколку привремен, и тогаш навистина започнува негативно да влијае на здравјето.
Еве што се случува во организмот како реакција на стресот:

1) Хроничниот стрес го уништува спиењето

Стресот значително влијае на квалитетот на спиењето или имаме потешкотии да заспиеме или почесто се будиме. Хроничната ненаспаност, пак, го зголемува ризикот од срцеви проблеми, преголема тежина и дијабетес, а може и да ја лимитира способноста на телото да се бори со инфекции.

2) Ве тера повеќе да јадете и помалку да вежбате

Кога сме под стрес често пати ја користиме храната како утеха, а најчесто се работи за нездрава храна како чипсови, разни слатки и сл.

Стресот исто така влијае на испуштањето на хормоните лептин и грелин, кои го регулираат апетитот и нè тераат да јадеме повеќе.

Сето ова  прави да јадеме повеќе и да се движиме и вежбаме помалку, што е ужасна комбинација која предизвикува дебелеење, а со тоа и поголем потенцијален стрес, како психички така и физички.

3) Ако сте трудни, може да влијае на плодот

Стресните хормони на мајката исто така влијаат на бебето кое расте во нејзиниот стомак. Пренаталниот стрес се поврзува со зголемен ризик од аутизам, депресија, шизофренија и намалена когнитивна способност кај децата.

4) Предизвикува проблеми со кожата

Истражувачи идентификувале полно состојби на кожата кои стресот ги влошува, како акните, псоријазата, розацеата, алопецијата и егземата Kога сме под стрес на кожата и треба подолг период да ги залечи оштетувањата и раните.

5) Го пореметува системот за варење

Стресот предизвикува симптоми како лошо варење на храната, гадење, повраќање, дијареја и запек. Тоа се случува бидејќи мозокот и стомакот се тесно поврзани и контролирани од многу исти хормони.

Најдобри стратегии за борба против стресот се здрава исхрана, вежбање и доволно спиење. Се препорачува исфрлање на пржената и процесирана храна и зголемување на внесот на овошје и зеленчук, како и што поголема активност без разлика дали се работи за фитнес тренинзи во теретана, трчање или пешачење.  Во поглед на спиењето, идеални би биле 7 и пол часа секоја вечер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби