Колку е штетна пластичната амбалажа?

Пластичната амбалажа која се користи за пакување на храна и пијалоци кои ги консумираме под одредени услови може да биде штетна за човековото здравје.

Иако ги поминале потребните тестирања според кои се безбедни за складирање на одреден артикл во него, пластичните садови може да не се безбедни за складирањето на други видови на производи.

Еден од проблемите со пластичните кутии најчесто е тоа што се направени за еднократна употреба. Повеќекратната употреба на истите би можела да допринесе за развивање на бактерии, кои би завршиле во  храната која сте ја складирале.

Вториот проблем во врска со пакувањето во пластична амбалажа е дека во зависност од продуктот кој се пакува се користи различен вид на пластика. Имено кутијата за сладолед служи за пакување на ладни производи во неа, па доколку се стави топла храна како реакција од топлото би можело да дојде до отпуштање на одредени штетни хемикалии.

Целта на производителите на прехрамбените продукти за жал не е да обезбедат здрава храна и пијалоци, туку што поголем профит. Со оглед на тоа не е лошо да се запазат знаците кои најчесто се наоѓаат на дното на производите, а укажуваат колку е штетна пластиката во која се спакувани.

PET (се сретнува некаде и како PETE) -оваа пластика е најчесто за еднократна употреба. Постои можност за испуштање на aнтимон и хемиската супстанца EPA која создава пречка за нормално функционирањена хормоните. Таквата пластика исто така може да испушти канцерогени соединенија.

HDP (понекогаш и HDPE) - тоа е „добра“ пластика за која има најмала веројатност дека би испуштила хемикалија.

PVC (позната и како 3V) - оваа пластика ослободува две отровни хемикалии кои се мешаат со активност на хормоните во човечкото тело. И покрај ова, сепак е најчесто користената.

LDPE - пластика која не ги ослободува хемикалиите во водата. Најмногу е користена за правење пластични ќеси за прехранбени производи.

PP - уште една „добра“ пластика која вообичаено има бела или полупроѕирна боја. Се користи за шишиња во кои се пакуваат сирупи или пак јогурт.

PS - пластика која ја испушта канцерогената материја STIREN. Најчесто се користи за изработка на чаши за еднократна употреба или пак амбалажи во кои се складира брза храна.

PC (или без ознака) - ова е најлошата пластика за прехранбени производи бидејќи ја испушта хемикалијата BPA. За жал најмногу е користена за изработка на бебешки шишиња, спортски шишиња и садови за чување на храна.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Трпе, зошто татко ти денес беше на училиште?
- Учителката го викна за да се жали од мене.
- И што стана?
- Е па ништо, учителката ми кажа сега да ја викнам мајка ми, за да се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1221.- Роден е кастилијанскиот крал Алфонсо X...
1531.- Во Капела заврши граѓанската војна во...
1555.- Во Хемниц умре Георг Бауер - Агрикола,...
1831. - Штрајкот на лионските ткајачи прерасна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби