Прашања што треба да ги прашате пред да најмите персонален тренер

Персоналните тренери не се само за натпреварувачите и познатите личности и се исклучително корисни, особено за почетниците кои сакаат посериозно да навлезат во светот на фитнесот. Бидејќи нивниот број и побарувачка постојано се зголемуваат, цените за ваквиот вид тренинзи сè повеќе се намалуваат и многумина можат да си ги дозволат.

Еве што сè би ви препорачале да го прашате вашиот потенцијален персонален тренер пред да го најмите:

1) Кои му се квалификациите?

Многу од тренерите имаат малку до никакво формално образование во науката поврзана вежбањето, што е застрашувачки. Голем дел од нив немаат завршено факултет и немаат сертификат, така да задолжително прашајте за квалификациите на оној кој што сакате да ве тренира за да се осигурате дека најмувате професионална личност.

2) Дали има одредена специјалност?

Некои тренери специјализираат во одредени фитнес области како губење на тежината, развивање на мускулите или спортски перформанси. На пример, доколку најмувате тренер да ве спреми за вашиот прв (полу)маратон, прво прашајте колку такви има истрчано и со кое време.

3) Дали може да гледате како тренира други?

Набљудување на барем една сесија како тренерот се однесува со неговите клиенти многу допринесува во донесувањето на одлуката дали вреди да го најмите. Бидејќи не сите тела се исти, важно е со секој клиент тој да има специфичен однос и програма, за постигнување на најдобри резултати. Доколку забележите дека на сите им дава исти вежби со ист интензитет, тоа значи дека или е мрзлив, или недоволно образуван, или едноставно гледа само да го помине времето со клиентот „ради ред“ за да му ги земе парите.

4) Дали нуди пробна сесија?

Најдобро може да проверите дали тренерот ќе ви одговара доколку извежбате барем еден тренинг со него. Доколку ви биде понудена пробна сесија, внимавајте на начинот на кој што тој ве води низ вежбите. Дали објаснува зошто одредена вежба се прави на одреден начин за мускулната група која што се тренира, дали одговара на вашите прашања, дали ги адаптира вежбите според вашите можности, и сл. Постојаното гледање во мобилниот телефон, а не во вас е уште еден знак за лош тренер.

5) Дали може да ви посочи претходни клиенти со кои може да разговарате?

Доколку ова би биде овозможено, распрашајте се што на нив им се допаѓало (или не) кај тренерот, колку време ги тренирал, дали и какви резултати имале од тоа, и дали би го препорачале и на други.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се враќа Мујо дома од работа и ја затекнува Фата со Хасо:
- Добро бе Хасо, биваше ли ова да ми го направиш?! Па заедно во школо одевме, најдобри другари бевме, кум ми беше на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено пo наместа влажни коловози на повисоките и суви коловози на пониските места. Намалена видливост поради појава на магла од 50...
Верски календар
На денешен ден
1562. - Во Мадрид е роден Феликс Лопе де Вега,...
1758.- Британците го окупираа Сенегал.
1763.- Умре францускиот писател Прево, познат по...
1783.- Последните британски војници го напуштија...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби