Дали срцето може да застане за време на сексуален однос?

Научниците од Американскиот институт за болести на срцето после прегледани повеќе податоци од случаи каде смртта настанала поради срцев застој дојдоа до заклучок дека само 34 случаи од нив се случиле за време на сексуален однос. Од 34 случаи дури во 32, жртвите биле лица од машки пол.



Главниот автор на студијата вели дека ова е прво истражување кое е направено со цел да се утврди дали сексуалните односи може да бидат причина за застој во работата на срцето.

До застој во работата на срцето може да дојде за време на изненаден губиток на срцевата способност да ја пумпа крвта, а личноста која е погодена ја губи свеста и престанува со дишење. Доколку нема брза реанимација, може да заврши фатално. Статистиката покажува дека  прекинот на работата на срцето во 90% од случаите кои биле надвор од болница бил смртоносен.

Разликата помеѓу срцевиот застој и срцевиот удар е во тоа што при срцевиот удар доаѓа до блокирање на дотокот на крв.

Иако е познато дека сексот може да ги зголеми шансите за срцев удар, во истражувањето за срцевиот застој се покажува дека во помалку од 1% од случаите сексот бил причина за настанувањето на срцевиот застој. На оние кои им се случило тоа претежно веќе имале срцеви проблеми или биле средновечни.

За време на студијата се покажало и дека само во една третина од случаите била направена реанимација на пациентот.

Овие податоци покажуваат колку всушност е од голема важност да се продолжи со напорите околу едукацијата на јавноста за подигнување на свеста и пружање на прва помош независно од околностите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби