Начини на кои телото ви кажува да ја смените тренинг рутината

За да имате прогрес во вежбањето, мора секоја вежба да ја изведувате со правилна форма и интензитет кој гради мускули.

Но, постои период кога се „опуштаме“ и кога мускулите веќе можат да предвидат која вежба ќе се прави следна и престануваат да растат, а тоа обично се случува ако 6 до 8 недели на некој начин не се смени тренинг рутината (во поглед на вежби, нивниот интензитет или бројот на повторувања, и др.).

Еве неколку показатели дека треба да ја  смените нешто во вашите тренинзи:

Не чувствувате болка

Изразот „no pain, no gain” (без болка нема напредок) не е само клише – DOMS (болката во мускулите која се јавува по вежбањето) е резултат на микротраумата на конективните ткива кога мускулите ги изложуваме на стрес. Добро е кога ја чувствуваме бидејќи тоа е знак дека доволно сме ги „оштетиле“ мускулите со вежбањето, бидејќи нивното опоравување ги прави поголеми и посилни со тек на време. Доколку DOMS-от изостанува, тоа значи дека мускулите најверојатно не сме ги оптовариле доволно за да нивните влакна се скинат, што значи дека нема да се зголемат/зајакнат.

Телото не ви се менува

За да бидеме посилни и изгледаме подобро, потребно е мускулната маса да се зголеми, а мастите да се намалат. Доколку на телото после подолг период вежбање нема видливи промени, тоа значи дека рутината мора да се смени за да се сопре стагнирањето.

 Вежбите ви се прелесни

Вежбањето треба да стане полесно со тек на време. Тоа значи дека телото се адаптира на движењата и товарот, и ги извршува задачите поефикасно. Но, во моментот кога вежбите ќе станат прелесна, време е или да се зголемат тежините (за да последните повторувања ви претставуваат предизвик), или комплетно да се промени рутината.

Вежбањето ви здосадува

Вежбањето треба да претставува предизвик, но и уживање, а доколку уживањето изостанува и едвај чекате да завршите со тренингот, време е за промени. Како резултат на досадата, можно е да поминувате повеќе време на клупата за одмор или со мобилниот телефон во рака, наместо да вежбате, со што со тек на време ќе изгубите на силата.

 Веќе не сте гладни по тренингот

Една од придобивките од предизвикувачката тренинг рутина е дека го зголемува апетитот бидејќи на тој начин телото ви кажува дека му е потребно гориво за да ги зајакне и изгради мускулите. Доколку по тренингот не се чувствувате гладни, тоа значи дека таа цел не е постигната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби