Која е најдобрата положба за спиење за време на месечниот циклус?

Месечниот циклус е период кој понекогаш може да биде мошне проблематичен. Проблемите започнуваат со неподносливите грчеви кои настануваат за време на циклусот, а тука е стравот од претекувањето кое може да се случи во било кое време од ноќта.



Сепак, постои положба во која ќе се чувствувате удобно без притоа да бидете приморани да внимавате на несаканите последици кои би настанале од неа.
Одредени експерти сметаат дека спиењето во положба на фетусот е одлично за време на менструалниот циклус.

-Спиењето во положбата на фетусот го намалува притисокот врз стомачните мускули, тврди Лиза Линдли, матичен гинеколог.

Нејзината колешка, Џенифер Видер се согласува со нејзиното мислење додавајќи дека фетусната позиција помага бидејќи мускулите околу стомакот се релаксираат, а помалата тензија доведува до помалку болки и грчеви.



Според резултатите од апликацијата која го следи менструалниот циклус, Clue, од оваа положба имате уште една корист. Покрај олеснувањето од грчевите, се намалува и шансата за протекување на вашата крв бидејќи нозете се стегаат заедно.

Доколку можете, за време на циклусот избегнувајте да спиете на стомак бидејќи на тој начин се притиска матката, па се испушта повеќе крв од вообичаено.

Доколку болките траат и понатаму, пробајте со туширање или капење пред спиење користејќи производи што содржат лаванда. Шише полно со топла вода кое ќе го ставите на вашиот стомак исто така може да ја намали болката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби