5 причини поради кои ја губите вашата коса

Косата е дел од телото кој бара поголемо внимание. Доколку погрешно се негува може да резултира со нејзино губење. Сепак освен негата, постојат и други причини поради кои може да се соочите со овој проблем.

Физички стрес

Физичкиот стрес кој настанува при повреда од сообраќајна несреќа, оперативен зафат, но дури и настинка може да влијае врз опаѓањето на вашата коса.

-Косата има свој животен циклус кој се состои од три фази: фаза на растење, фаза на одмор и фаза на опаѓање. Па кога се наоѓате во средина каде настанува ваквиот вид на стрес, тоа може да создаде шок по кој ќе дојде до промена во овој циклус и ќе доминира повеќе последната фаза, вели Марк Глашофер, дерматолог од Њујорк.

Најчесто губењето на вашата коса станува забележително после 3-6 месеци од доживеаната траума.

Премногу витамин А

Според Американската академија за дерматологија претераното внесување на суплементи кои содржат витамин А може да предизвика опаѓање на косата. Дневната вредност на дозволен внес за витамин А за возрасни изнесува 5000 меѓународни единици.

Недостаток на протеини

Ако немате доволно протеини во вашата исхрана, вашето тело може да го прикаже тоа преку забавување на растот на вашата коса. Оваа реакција може да ја добиете и по 2-3 месеци по намалувањето на внесот на протеини.



Женски хормони

Освен од бременоста, опаѓањето на косата може и да биде предизвикано од промената на контрацептивните таблети, како и од наследните гени. До промена на хормоналната рамнотежа може да дојде и при менопаузата која ќе го предизвика истиот резултат како горенаведените причини.

Анемија

Речиси 1 од 10 жени на возраст од 20-49 години страда од анемија, поради недостаток на железо. Анемијата е најчестата причина на која може да се препише опаѓањето на косата. За да утврдите дали страдате од анемија ќе биде потребно да направите крвна слика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби