4 решенија за справување со утринскиот мамурлук

Празничната сезона е времето кога најчесто се консумираат големи количини алкохол, што пак резултира со добропознатото чувство на мамурлук следното утро.

Пред засекогаш да се откажете од алкохолот (што вообичаено е првата изјава во таквите утра), еве какви „лекови“ можете да употребите, сугерирани од здравствени експерти, инфлуенсери и уредници на портали за здрава исхрана.

1) Чај со ѓумбир и мед + банана



Ѓумбирот е природен борец против чувството на мачнина, а ова трио на телото му обезбедува антиоксиданси кои го заштитуваат од воспаленијата и оштетувањата предизвикани од алкохолот. Бананата обезбедува калиум, чиј недостаток во телото предизвикува грчење, замор, гадење, вртоглавица и срцеви палпитации.

2) Масна храна



Јога инструктор од Лос Анџелес вели дека најдобар лек за мамурлукот е масната храна – на пр. мексиканска храна, бургер со помфрит, можеби и по некоја палачинка.

3) Голема лажица јаболков оцет



Лична препорака од уште еден јога инструктор е пиење на голема лажица јаболков оцет помешана со 250ml вода, по што следи обилен појадок и излегување на свеж воздух.

4) Трчање



Според еден уредник на портал за здрава исхрана, она што функционира како лек за мамурлук кај неа е трчањето. Особено она на отворено – комбинацијата од препотување, рехидрирање и свеж воздух значително влијае на елиминирање на лошото чувство предизвикано  од мамурлукот.

Секако, мора да се внимава телото да не се форсира премногу, поради состојбата во која што се наоѓа.  Доколку надвор е студено и трчање на подвижна лента во теретана ќе ја заврши работата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби