Совети за вежбање на отворено во зима

Според скорешни истражувања, доколку сте здрави, вежбањето на студено време нема да ве разболи, секако доколку ги преземете сите заштитни мерки за безбедно вежбање. Еве некои совети како да не се „улежите“ во зимскиот период кој што ни претстои:

1) Не се плашете од студеното време

Позитивните страни на вежбањето на отворено кога е студено е дека влажноста вообичаено тогаш е на најниско ниво, правејќи ги подолгите вежби (на пр. трчањето) помалку напорни. Исто така се согоруваат повеќе калории, бидејќи метаболизмот се зголемува поради тоа што треба да ве одржува загреани. Скорешна студија покажала дека сите маратонци со различна фитнес спремност кои биле испитани, трчале побрзо на температури од 4 °C, отколку на 15 °C

2) Облечете се во повеќе слоеви

Облекувањето повеќе слоеви на облека ќе ве одржува загреани додека се движите. Генерално правило е да бидете облечени за температура повисока за неколку степени од онаа надвор – за да се избегнете препотување кога телото ќе се загрее.

3) Покријте ги најизложените делови од телото 

Хипотермијата започнува кога температурата на телото ќе падне под 35°C, а со оглед на тоа дека нормалната температура е околу 37°C, од суштинско значење е да ги заштитите рацете, лицето и главата. Во најстудените температури, се препорачуваат ракавици слични на оние како за во кујна (кои имаат отвор само за палец и еден голем за сите други прсти), бидејќи прстите ќе ја задржат топлината подобро кога се допираат меѓусебно.

4) Одберете облека во зависност од температурата

10°C и повеќе – нема потреба од облека во повеќе слоеви. Може да трчате по шорцеви и маица по кратки ракави.

1,5°C до 10°C - хеланки за трчање, блузон за трчање над маичка со кратки ракави, лесни ракавици

-6°C до 1,5°C – термални хеланки за трчање, основен слој со долги ракави со подебел блузон или јакна одозгора, ракавици отпорни на ветер, капче

-12°C до -6°C – исто како погоре, плус подебели чорапи и заштита на вратот со шал или јакна.

Под -12°C – не се препорачува вежбање на отворено поради опасноста од премрзнување. Ако веќе морате да вежбате на толку студено време, правете го тоа во теретана.

5) Не заборавајте да се хидрирате

Тоа што помалку ќе се потите на студено време, не значи дека треба да го намалите внесот на вода за време на вежбањето, бидејќи поради тоа што студениот воздух е посув, телото мора повеќе да работи да го навлажнува воздухот кога го вдишувате. Затоа, внимавајте да пиете доволно вода, дури и доколку не чувствувате жед.

6) Трчајте на свеж снег

На свеж снег има помали шанси да се слизнете и паднете, така што доколку трчате, а има снег, внимавајте снегот да е свеж и избегнувајте ги заледените делови врз и под него.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби