Вода и магнезиум – големи сојузници за повеќе енергија

Во текот на периодов ќе се сретнуваме со полни трпези, многу храна и многу алкохол. Сите овие дружења иако се одлични, резултираат со помалку квалитетен сон, зголемено ниво на замор и намалување на енергијата.

Водата во комбинација со магнезиумот е одличен начин да го надминете овој период од годината.



Вода

Веќе сигурно знаете дека дневната препорачлива доза за консумирање вода е од 6 до 8 чаши. Сето тоа придонесува за нормално функционирање на психофизичките функции на телото.

Доколку имате сува уста, жед, вртоглавица или пак главоболка, тогаш потребно е да го хидрирате телото со консумирање на повеќе вода во текот на денот.

Доволната хидратација на телото ќе му овозможи правилно функционирање, додека пак магнезиумот ќе го зголеми нивото на енергија и ќе го намали чувството на исцрпеност.



Магнезиум

Магнезиумот претставува минерал без чие присуство реакциите во организмот не се одвиваат во најдобар ред. Препорачливата доза за дневен внес на магнезиум е 300мг за жени и 420 мг. за мажи. Неопходен е за функционирање на нервниот и мускулниот систем.

Заморот и исцрпеноста можат да бидат последица на недоволно внесување на овој минерал.
Високиот крвен притисок, дијабетот, остеопорозата и многу други болести исто така се резултат на недоволно количество на магнезиум во човечкиот организам. 



Држете се до препорачаните дози

За добар метаболизам, повеќе енергија и помалку умор важно е да бидете умерени во сè што консумираме, вклучувајќи ја и водата со магнезиум.
Со препорачливите дози, ќе имате пред сè хидрирано тело, правилно функционирање на метаболизмот и најважно, ќе чувствувате помалку замор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби