Како да се однесувате доколку никогаш претходно не сте биле во теретана

На полно луѓе една од новогодишните резолуции им е да започнат да вежбаат за да ослабат и да си ја  подобрат фитнес формата, а некои од нив и за прв пат да стапнат во теретана.

Првата посета на теретана за некои може да биде  застрашувачко искуство. Помеѓу „набилданите“ кои креваат огромни тежини и жените кои изгледаат како излезени од бикини фитнес натпревари, таа може да претставува понизно место за секој почетник.

И не само тоа. Теретаните вообичаено се преполни со активност, со мноштво луѓе кои одат од една машина на друга во нешто што личи на организиран хаос, бидејќи секој изгледа како да знае што прави и следи некои непишани правила на однесување.

Еве како да ја надминете „тремата“ при посета на теретана за прв пат во животот, и како подобро да се вклопите во тој начин на живот.

1) Појдете со поискусен пријател



Најлошиот дел од првата посета на теретаната е тоа што има големи шанси некој да пробува да ви продаде (скапи) пакети за вежбање кои ќе вклучуваат услуги кои, особено како почетник, баш и нема да ви требаат или пак да ве убеди да најмите персонален тренер, да купите одредени суплементи и сл.



Наместо тоа, доколку сте во можност, со себе понесете поискусен пријател, уште подобро некој кој подолг период веќе вежба во таа теретана за да ви даде „тура“ во поглед на машините, вежбите кои можете да ги правите и сл.

2) Прифатете бесплатна сесија од инструкторите, доколку ви е понудена



Доколку при запишувањето на месечната чланарина ви следува бесплатна воведна тренинг сесија, задолжително прифатете ја. Секако, со неа ќе следи и убедување да станете редовен и постојан член на теретаната што останува на вас да го прифатите или не. Во најмала рака ќе добиете инструкции барем за дел од вежбите кои потоа веднаш ќе можете и самите да ги изведувате.

3) Одете кога има помалку гужва



Иако и редовните посетители гледаат да ја избегнуваат гужвата (која најчесто е најголема по работното време, од 5-6 часот), доколку сте почетник првите посети темпирајте ги вон тоа време. Најдобро е да одите рано наутро или во претпладневните часови. Тогаш поголемиот број на машини и клупи ќе бидат слободни, па ќе можете да вежбате без помисла дека искусните вежбачи го „осудуваат“ начинот на кој вежбате или како изгледате.

4) Носете си крпа



Доколку самата теретана не ја обезбедува, задолжително носете си крпа со која ќе ги бришете машините и опремата за вежбање пред и по вежбите кои ќе ги изведувате. Повеќето добро опремени теретани имаат автомати за хартија или пак антибактериски гелови/спрејови, но не сметајте за тоа и носете си сопствена крпа.

5) Не носете телефон во салата



Оставете го телефонот во шкафчето во соблекувалната (освен доколку не очекувате некој исклучително важен повик или порака, или од него слушате музика) бидејќи ништо не го „убива“ интензитетот и фокусот при вежбањето отколку константното проверување на телефонот или одговарање на повиците. Исто така, ништо не е поиритирачко од личност која ги зафаќа машините и опремата и постојано пишува пораки, слика селфија или зборува на телефон наместо да вежба, додека околу него полно вежбачи чекаат на ред.

6) Имајте обзир кон останатите вежбачи



Доколку планирате да вежбате на неколку машини или парчиња опрема и забележите дека уште некој чека на нив, прашајте дали би сакале да се „менувате“, па кога едниот одмара другиот да извежба една серија. Доколку, пак, користите кардио опрема како статичен велосипед, трака, степер и сл. , придржувајте се кон временските правила, кои вообичаено изнесуваат 30 минути по машина – особено доколку теретаната е полна и многумина чекаат на ред да извежбаат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби