Што да очекувате кога прв пат ќе започнете да вежбате?

Деновите по новогодишните и божиќни празници многумина решаваат за прв пат да започнат да вежбаат како дел од нивната „новогодишна резолуција“.

Доколку и вие сте дел од нив, ќе треба да се навикнете на многу работи со кои досега или воопшто не сте се сретнале, или ви биле невообичаени. Колку и да делуваат обесхрабрувачки некои од нив, важно е да продолжите за да добиете видливи резултати. Еве што да очекувате кога прв пат ќе почнете да вежбате:

1) Ќе чувствувате болка и замор насекаде

Кога вежбате, всушност креирате пукнатини во мускулните влакна, а процесот на нивното обновување ги прави посилни – што предизвикува чувство на болка. Ова вообичаено се случува 1 до 2 дена по тренингот и е познато под името DOMS (задоцнет почеток на мускулна болка).

Кога сте нови во вежбањето, вашиот нервен систем сè уште не е ефикасен во регрутирањето на разните мускули, и телото не знае точно како правилно да ги активира мускулите и нема доволно добра моторна контрола. Како вежбате, така телото се учи како правилно да се движи, но во почетокот сиот овој стрес врз мускулите води до повеќе болка. За среќа, нервниот систем брзо се адаптира, и болките почнуваат да се намалуваат веќе по неколку недели.

За да се минимизира оваа непријатност, важно е пополека да се навлезе во рутина на вежбање. Најголемата грешка што многумина ја прават е форсирањето и вежбањето на сите мускулни групи одеднаш, што може да доведе до болки кои може да го спречат вежбањето и до една недела.

2) Со тек на време сè повеќе ќе ви се зголемува енергијата

Како поминува времето, така телото се адаптира на новото ниво на активност, што доведува до чувствување поенергично по тренинзите. Колку поактивно тренирате, толку поенергично ќе се чувствувате остатокот на денот.

3) Ќе спиете подобро

Една студија која вклучувала 3081 возрасни личности на возраст од 18 до 85 години кои вежбале од умерено до интензивно најмалку 150 минути неделно, имале 65% помала шанса да се чувствуваат поспано во текот на денот.

Телото ги опоравува оштетените мускулни влакна и додека спиете и додека сте будни, но сонот има огромен удел во опоравувањето поради лачењето на хормони кое се случува тогаш. Недоволно сон може да го поремети ендокриниот систем, вклучувајќи ги хормоните како тестостерон и хормонот за раст, кои се вклучени во заздравувањето на мускулите. Хормонот за раст најмногу се лачи кога спиете, така што е многу важно да имате 7 до 9 часа сон.

Откога ќе почнете да вежбате, вашиот сон ќе се подобри – се разбира, доколку легнувате на време и спиете доволно часови.

4) Ќе се чувствувате погладно

Бидејќи телото ќе троши многу повеќе калории отколку што било навикнато, ќе ви биде потребна и повеќе храна за да истите ги надокнадите, но тоа варира од човек до човек, некои чувствуваат повеќе глад, некои пак не. Сепак, доколку сте од оние првите, значи дека сте во мнозинството.

Единствено што треба да внимавате е да внесувате што повеќе протеинска храна (или суплементи), како и здрави јаглехидради кои ќе ви даваат енергија во текот на денот.

5) Состојбата на кожата можеби ќе ви се влоши

За жал, зголеменото лачење на пот ја иритира кожата што може да доведе до нејзина иритација или создавање акни. Покрај тоа, бактериите лесно може да се пренесат на лицето со допирање на разните тегови и машини во теретаните со раце или со пешкир, кои потоа имаат контакт со лицето.

Внимавајте испотената облека веднаш да ја соблечете од вас по тренингот и задолжително да се истуширате. Но, не користете средство за туширање кое многу пени за да се избегне сушење на кожата. Исто така избегнувајте носење на шминка (особено подлога) во теретана, бидејќи со тоа ја спречувате кожата да дише.

6) Ќе ви се подобри самодовербата

Вежбањето е фантастичен начин да си ја подобрите самодовербата, бидејќи тоа ја предизвикува вашата ментална сила како и волјата и ќе ве тера постојано да се докажувате самите на себе и да ги надминувате целите кои ќе си ги поставувате со вежбањето.

Овој „фитнес начин“ на размислување вообичаено се пренесува и во секојдневието и го олеснува соочувањето со разните предизвици од било кој вид.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби