5 намирници со кои се зголемува плодноста кај мажите

Еден од шест парови има проблем со забременувањето. Во 20 проценти од случаите станува збор за лош квалитет на сперматозоидите кој често се поврзува со недостатокот на цинк и витамини во телото. Од тие причини е препорачливо да се внесуваат намирници кои ги имаат во изобилство, а со тоа се штити машката плодност и се подобрува квалитетот на спермата.

1. Семки од тиква



Семките од тиква се добар извор на омега-3 масни киселини, цинк и витамин К, а воедно штитат од рак, артритис и остеопороза. Омега-3 масните киселини го зголемуваат протокот на крв до половите органи.

2. Шипинки

Сокот од шипинки ја подобрува ерективната функција и го подобрува квалитетот на спермата. Одредени резултати покажале дека мажите и жените кои секојдневно пијат по една чаша од него имаат зголемено ниво на хормонот тестостерон кој ја зголемува сексуалната желба.

3. Остриги



Цинкот топло се препорачува во третманот за машка неплодност бидејќи е доста важен при создавањето и движењето на сперматозоидите. Познато е дека остригите се богати со цинк, а во исто време се и афродизјаци кои ја подобруваат потентноста.

4. Лук



Лукот делува како природен афродизјак и го зголемува бројот на произведени сперматозоиди. Тој содржи алицин кој ја зајакнува издржливоста на спермата и го подобрува циркулирањето на крвта. Селенот кој го има во лукот придонесува за движењето на спермата.

5. Зелен чај



Истражувањата покажаа дека антиоксидантите кои ги содржи зелениот чај имаат потенцијал да ја стимулираат плодноста бидејќи ги неутрализираат слободните радикали кои може да ги оштетат сперматозоидите. Според студијата од 2012 година мала доза на епигалокатехин галат кој го има во зелениот чај може да го подобри квалитетот на спермата вклучувајќи ја нејзината мобилност што резултира со подобрен потенцијал за оплодување. Сепак, треба да се внимава со прекумерените внесени дози на епигалокатехин галат бидејќи може да имаат спротивен ефект.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби