Разбиваме митови: Вистината зад броевите на дното од пакувањето на млекото

Последниве години во медиумите и на социјалните мрежи сретнувавме различни информации за тоа што значат броевите на дното од пакувањето на млекото.

Информацијата отиде дотаму што се пишуваше дека според законските прописи, млекото на кое ќе му истече рокот, доколку се врати на пастеризација на 190˚С, може потоа повторно да се консумира. Медиумите се осврнуваа на некои законски нормативи дека тоа може да се прави 5 пати, па тука ја најдоа причината зошто на дното на некои амбалажи има броеви од 1 до 5, во смисла дека 1 е со најдобар квалитет, додека 5 значи дека на млекото 5 пати му истекол рокот и е 5 пати преработено.

Сепак, фактите говорат дека овие информации не се точни.
Имено, од „Битолска млекара“ велат дека во Македонија воопшто и не постои линија за стерилизација (пастеризација) на 190 степени.

-Во млекарската индустрија не постои технологија со која еднаш стерилизирано млеко може повторно да оди на температура на стерилизација, без притоа да се случат биохемиски процеси кои крајно и видливо ќе го нарушат составот на млекото, односно ќе го направат неупотребливо за исхрана. На дното на нашите амбалажи броевите коишто се испишани се технички информации на производителот на амбалажата, а втиснатите броеви означуваат со која полнилка на машината е наполнет соодветниот производ. Овие бројки се многу важни за нашиот систем на следливост, односно во случај на добивање одредена рекламација за производите, поефикасно да се дојде до коренот на евентуалниот проблем со полнилката, вели Радмила Чобанова-Василевска, директор за контрола на квалитетот во „Битолска млекара“.

Според Сашо Василевски, технички директор во млекарницата „Здравје Радово“, темата стана актуелна последниве години. Самиот состав на млекото не дозволува повеќекратни термички третмани. Доколку млекото термички се третира повеќе пати, млечниот шеќер (лактозата) ќе карамелизира, што би резултирало со промена на бојата и вкусот на млекото. Протеините ќе денатурираат, односно нивното разложување ќе го блокира процесот на стерилизација со што производот станува неупотреблив за исхрана. 

Со цел да ги потврдиме информациите добиени од двете најголеми млекарници во земјава, се обративме и до производителите на амбалажи, кои истовремено се и нивни добавувачи, „SIG Combibloc“ и „Тетра Пак“. Од „SIG Combibloc“ велат дека броевите поставени на дното на секое пакување се технички информации релевантни за нив како добавувач на материјали за пакување и се користат за внатрешна контрола на квалитетот и за следење.

Илустративно, нивното објаснување изгледа вака:

Во овој случај бројот 8, или т.н. Blank identification, укажува од која ролна доаѓа амбалажата.

Бројот 488 933, или т.н. Print number, укажува на единствениот код за распознавање кој е поврзан со секој поединечен производен дизајн. Во овој случај, втиснатиот број 1, или т.н. Track number, укажува на машината за полнење каде што е формирана амбалажата.

Сите овие броеви, велат од „SIG Combibloc“, се неопходни записи кои се достапни за да се обезбедат докази за ефективното функционирање на системот за управување на компанијата и за производствениот процес.

Производителот на материјали за амбалажи „Тетра Пак“,  вели дека броевите на дното на амбалажата се користат исто така за нивни интерен процес на квалитет во случај на рекламации.

-Овие броеви на дното на амбалажите кои ги користиме за млеко или за сокови, се однесуваат исклучиво на начинот на кој самиот материјал на амбалажата е продуциран и на ниту еден начин не се поврзани со производот кој се наоѓа внатре. Тоа се серии на броеви кои се додаваат однапред, во самиот процес на производство на амбалажата, со цел да им овозможи на производителите на храна да го идентификуваат конкретното пакување во случај на проблем со неговиот квалитет, вели Јован Глигоревиќ, директор на фабриката „Тетра Пак“ во Горњи Милановац.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби