КОГА СE ИЗГЛЕДА НЕДОСТИЖНО

Чувството на неисполнетост открива посебен тип на депресија

Високо функционалната депресија не е вистинска медицинска дијагноза, но може да се сретне во многу медицински книги, како и во прирачниците за ментални нарушувања.

Според експертите станува збор за состојба во која луѓето имаат недостаток на среќа и задоволство, но состојбата не ги исполнува условите за дијагноза на клиничка депресија бидејќи е од поблаг степен.

Може да се најде и како дистимија, а најзастапени симптоми се ниското ниво на енергија, губење на интерес или задоволство и ниско ниво на расположение. Често луѓето кои ја имаат може да се однесуваат нормално, но во себе да се чувствуваат неисполнето.

Иако за надворешниот свет изгледаат како продуктивни луѓе, оние кои ја имаат често страдаат внатрешно и подготвени се да ги издржат сите симптоми без да побараат помош.

Постои голема разлика помеѓу високо функционалната депресија и обичната депресија бидејќи кај првиот тип личноста чувствува низа желби и потреби кои и изгледаат недостапни, па поради тоа се чувствува песимистично и безпомошно, додека депресијата се манифестира со состојба на константно нерасположение.

Иако нема клинички тест со кој може да се потврди дека некој ја има или не, лекарите од примарната здравствена заштита и професионалците за ментално здравје користат разни скрининг алатки со кои може да се проценат симптомите и функционирањето на пациентите.

Доколку не се лекува можно е да допринесе во загубата на самодоверба, доверба во другите луѓе и да го зголеми чувството на вознемиреност.

Всушност, оние кои се соочуваат со оваа состојба многу лесно одат под радарот затоа што го кријат вешто своето страдање. Без поддршка единствено што имаат е осаменост.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби