Со растителни влакна во борба против стареењето

Растителните влакна ја одржуваат правилната функција на дигестивниот систем, но прават и многу повеќе од тоа.

Според скорешна студија објавена во журналите на геронтологија постарите луѓе чија исхрана била побогата со нив имале 80% поголеми шанси да живеат подолго и поздраво од оние кои ретко ги внесувале.

Што се всушност растителните влакна? Тоа се јаглехидрати кои ги има во растителната храна како гравот, овошјата, зрнестите продукти, оревите и зеленчукот.  Има неколку видови влакна, кои спаѓаат во две категории – растворливи и нерастворливи.

Растворливите се меки и се раствораат во вода, формирајќи супстанца слична на гел која го зацврстува изметот и му го олеснува поминувањето низ цревата. Извор на вакви влакна се гравот, овесот, слаткиот компир, и месото од некои овошја.

Нерастворливите влакна ги има во целите зрна, зеленчукот и кожата на овошјата, а тие промовираат контракции на дигестивниот тракт кои ја движат храната и отпадокот низ телото.



Споменатата студија следела над 16000 здрави возрасни личности во период од 10 години. Оние кои „успешно остареле“ по една декада (кои немале рак, срцеви заболувања и дијабетес и слично) консумирале во просек 29 грама растителни влакна дневно. Причината што влакната се „магични“ во поглед на стареењето се следните:

- Го намалуваат холестеролот, бидејќи растворливите влакна се сврзуваат со жолчните киселини, супстанции произведени од црниот дроб кои помагаат во варењето и апсорпцијата на маснотии и помагаат тело да ги излачува.

- Го спречуваат дијабетесот. Студија од 2009 открила дека луѓето кои внесувале помалку од 20 грама влакна дневно имале 50% поголем ризик од развивање на тип 2 дијабетес во споредба со оние кои внесувале 31 грам или повеќе. Причината за ова е што храната богата со влакна ја забавува апсорбцијата на јаглехидратите во крвототкот, па така нивото на шеќер во крвта се подига побавно и панкреасот има повеќе време да реагира и создаде инсулин.

- Помагаат за контролирање на тежината, бидејќи заситуваат и подолго време ве држат сити, а голем дел од храната богата со нив има многу малку калории.

- Можат да го намалат ризикот од колоректален канцер за 17% доколку се внесуваат 90г. дневно.

- Ги намалуваат воспаленијата

- Ги заштитуваат зглобовите

- Го зголемуваат бројот на добрите бактерии во стомакот бидејќи ферментираат во него.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби