Како би функционирала „пилулата за вежбање“ ?

Сите сме свесни за придобивките кои доаѓаат од редовното вежбање, но на многумина ова задоволство им е ускратено поради нивната здравствена состојба, ограничувања на движењата на екстремитетите или староста.



Сега, група научници развила комерцијален лек кој ги имитира ефектите од вежбањето елиминирајќи ја потребата да се трча километар и половина три пати неделно.

Роналд Марк Еванс, биолог од Салк институтот за биолошки студии во Калифорнија, ја искористи хемиската состојка позната како GW1516, или само 1516.

Научниците од Салк работеле на оваа „пилула за вежбање“ скоро една декада и по нејзиното тестирање врз глувци откриле дека состојката го спречува телото да согорува глукоза (шеќер) за енергија, и наместо тоа го тера да ги согорува мастите. За да се случи истиот процес на телото му е потребно повеќе време по природен пат.

Повеќето досегашни пилули за слабеење вршат неколку функции

- Го намалуваат апетитот, спречувајќи прејадување

- Го блокираат телото да ги апсорбира дел од мастите кои ги консумираме

- Го прелажуваат мозокот да мисли дека сме сити

Ваквите лекови имаат разни несакани ефекти, од абдоминални болки до главоболки, вртоглавици, лошење и др.

Состојката 516 се планира да се користи и врз оние со Душен-мускулна дистрофија – болест која го отежнува чекорењето, седнувањето, станувањето, или било каква физичка активност кај децата која побарува користење на мускулите.

Научниците се свесни дека таа може да биде злоупотребувана од спортистите доколку некогаш биде одобрена за комерцијална употреба, а светската анти-допинг агенција веќе ја има забрането за да ја спречи нејзината можна злоупотреба.

Сепак, главната цел на овој лек ќе биде да го користат оние кои не се способни да вежбаат (од оправдани причини), со што би го подобрила животот на многу пациенти со такви потешкотии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби