Откриена генетска мутација која предизвикува несоница

Во една од најголемите студии за поврзаноста на геномите со несоницата, истражувачите потврдиле дека оваа состојба е наследна и откриле генетски мутации кои можеби се одговорни за неа.

Водена од психијатарот Муреј Стајн од универзитетот на Калифорнија, Сан Диего, во студијата биле анализирани податоци од STARRS- досега најголемата студија за ментално здравје помеѓу персоналот на американската војска.

Како дел од проектот, биле собрани ДНK примероци од над 33 000 војници кои биле испитувани за да се види кои генетски региони покажуваат поврзаност со карактеристиките на несоницата.

По анализирањето на податоците, несоницата била поврзана со постоењето на специфични генетски мутации на хромозомот 7, а кај луѓето со европско потекло имало разлики и на хромозомот 9.

Според тимот истражувачи, варијантата на хромозомот 7 е скоро ген наречен AUTS2, кој во претходни истражувања бил поврзан и со регулацијата на внесот на алкохол.

Неколку од овие варијации на гени се наоѓаат на локациите и патеките кои веќе е познато дека се поврзани со спиењето и биолошкиот часовник.



Кај оние, пак, со европско потекло, била пронајдена генетска врска помеѓу несоницата и депресијата, како и метаболички пореметувања како тип 2 дијабетесот и др.

Огромната количина на податоци врзани со истражувањата на несоницата сè повеќе се зголемува, со уште една огромна студија која вклучува 1.3 милиони индивидуи.

Подоброто разбирање на молекуларните бази на несоницата ќе биде критично за развивање на нови третмани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби