Колаген - корисен за целото тело

Колагенот вообичаено се поврзува со здравата кожа, но тој има многу повеќе придобивки.  Содржи 18 аминокиселини од кои 8 се есенцијални и му помагаат на телото да врши важни функции, но од него нема да имате придобивки доколку не се храните правилно.

Kолагенот помага за одржување на здрави мускули, зглобови и функцијата на органите, но притоа исхраната мора да е богата со протеини – риба, морска храна, јајца, меса и разни зеленчуци, цели зрна, храна богата со здрави маснотии и сл.

Еве дел од придобивките кои немаат врска со оние кои колагенот ги има врз кожата:

1) Го оддржува стомачното здравје

Колагенот игра улога во создавање и оддржување на здравите сврзувачки ткива кои го обложуваат целиот дигестивен тракт, а нивното оштетување може да доведе до разни воспаленија.

Колагенот содржи и глутамин (аминокиселина) која ги спречува овие воспаленија, како и глицин и пролин кои помагаат за заздравување на облогата на стомакот и превенција од чирови предизвикани од стрес.

2) Помага за ослободување од констипацијата (запекот)

Колагенот помага при оваа состојба бидејќи е хидрофиличен молекул, што значи ја привлекува водата и киселите молекули, што помага на храната подобро да се движи низ дигестивниот тракт.

3) Ја намалува желбата за храна/грицкање

Во студија во која се анализирале хормоните за глад кај 10 пациенти со преголема и 12 со нормална тежина, истражувачите откриле дека желатинот – супстанца која се добива од колагенот – го зголемувал хормонот на ситост

4) Ја спречува/намалува болката по вежбањето

Како што старееме, опоравувањето од физичките вежби станува сè подолго и потешко. Во тој случај, размислете да го внесете колагенот во вашиот пост-вежбачки шејк.

Внесувањето на колаген докажано ја редуцира болката поврзана со вежбањето или физичката активност, а помага и за градење на мускулите, делува против воспалението на зглобовите и ги обновува ткивата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби