Јогата како решение за умот и телото

Најчесто се насочуваме кон јогата кога ја губиме својата подвижност,затоа што ние потребен повеќе мир во нашите животи,затоа што здравјето ни е неурамнотежено,затоа што сме го изгубиле чувството за ориентација или затоа што копнееме да се ослободиме од напнатоста и стрес на модерниот живот.

Често како нови ученици имаме нејасна идеа за техниките на јогата. Едноставно сме слушнале дека јогата го вежба телото и умот на целосен начин и тоа е доста привлечно.

Како функционира јогата?

Јогата е присутна повеќе од 5.000 години.Таа е наука која ги обединува умот,телото и духот во една прекрасна хармонија.

Јогата согорува калории и ги тонира мускулите на телото. Таа целосно го тренира умот и телото со комбинација на длабоко дишење ,медитација или релаксација.

Постојат повеќе од 100 различни видови на јога. Некои од нив се брзи и интензивни. Други се нежни и релаксирачки.

Типови на јога:

ХАТА - Комбинирана серија на основни движења со дишење.

ВИНЈАСА - серија на пози (асани) кои течат непречено една во друга.

Моќна Јога - Побрза, поголема интензивна пракса која гради мускули.

Аштанга- Серија на пози (асани), во комбинација со специјална техника на дишење.

Бикрам - Исто така позната како "жешка јога", тоа е серија од 26 предизвикувачки позиции што се изведуваат во просторија која се загрева на висока температура.

Лјенгар - Еден вид на јога која користи реквизити како блокови, ремени и столчиња за да ви помогнат да го поместите вашето тело во правилно усогласување.

Интензитетот на вашиот тренинг по јога зависи од тоа кој вид на јога ќе го одберете. Техниките како што се Хата И Лјенгар јогата се нежни и бавни. Бикрам и моќната јога се побрзи и доста предизвикувачки.

Постојат јога позиции за секој основен мускул на телото. Со јога вежбите градите сила и мускули со тежината на сопственото тело. Некои пози ја шират тежината подеднакво помеѓу вашите раце ,нозе и грб,додека некои од нив го балансира вашиот ум.

Јогата ги растегнува вашите мускули и го зголемува вашиот опсег на движење. Со редовна пракса таа ќе ја подобри вашата флексибилност на телото која воедно значи и здравје.

Јогата не се смета за аеробно вежбање, но некои типови како што се аштангата и моќната јога, ќе ве натераат да се испотите. Истражувања откриваат дека практикувањето јога е толку добро што го подобрува здравјето и не само тоа, туку има огромно влијание над умот, а сите знаеме дека тој постојано работи и не се смирува,па дури и кога спиеме. Со јога вежбите и правилното дишење,се постигнува контрола над умот и мислите кој постојано не мачат во секојдневнот живот. Со еден збор, јогата и нејзиното правилно дишење не прави хармонични и среќни.

Потребна е голема волја и сила да го држите вашето тело во избалансирана поза. Редовната пракса тоа и го прави, а воедно ќе ги зајакне мускулите на рацете, грбот, нозете и торзото.

Јогата не е конкурентна. Фокусирајте се на сопствената пракса и не се споредувајте со другите луѓе кои практикуваат исто така јога. Таа не бара перфекција на положбата на телото.Таа бара перфекција на умот.Само со правилното дишење се постигнува бланс во него.

Иако јогата ќе ви даде тренинг за цело тело, таа нема да влијае на вашите зглобови, т.е не ги оптеретува зглобовите, напротив ги масира.

Исто така , доколку правилно се практикува јогата, ги намалува повредите на телото,па затоа и голем дел од врвните спортисти низ светот ја практикуваат.

Јогата се вежба насекаде, во затворени простории или надвор. Се што ви треба е комотна облека, вода и простирка.

Сите видови на јога се вежбаат на такво ниво што го поврзуваат умот и телото. Таа може да ви помогне да се релаксирате и да се фокусирате додека стекнете флексибилност и сила. Јогата, исто така, може да го зголеми и вашето расположение.

Иако постојат многу наставни книги и ДВД-а за јога, добро е да инвестираме во некои јога студија со добар инструктор кој може да ви покаже како да ги правите позициите.Тоа е одличен избор ако сакате холистички пристап кон умот и телото.

Јогата не е за оние кои сакаат брз, конкурентен тренинг. Таа бара смиреност, посветеност и внимание кон здивот.

Сите можат да ја практикуваат јогата.Од најмладите до најстарите. Нема животна граница за неа.Топло ја препорачувам за секој од вас.

НАМАСТЕ!

Текст: Александра Малиновска

Доколку ви се допадна овој текст и  сте љубители на спортските авантури, повеќе содржини можете да прочитате на ШУМ - Интерактивно списание за сите љубители на спортот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби