Тежински тренинзи – за силни коски и подолг живот

Многумина сметаат дека тежинските тренинзи се само за атлетичарите и бодибилдерите, што е далеку од реалноста.

Еве какви сè предности има тежинскиот тренинг врз телото, без разлика дали се вежба со тегови или со движења со сопствена тежина:

1) Ги зајакнува коските

Тежинскиот тренинг ги тера мускулите да ги влечат коските, предизвикувајќи нивно суптилно превиткување и „стискање“ – акции кои ги подобруваат процесите со кои се создава ново коскено ткиво и се одржува нивната цврстина.

2) Спречува повреди

Многу спортски повреди се предизвикани од слабоста на мускулите. На пример, повредите на колениците кај тркачите некогаш се предизвикани од слабоста на мускулите на колковите.

Затоа, зајакнувањето на мускулите го намалува оштетувањето на зглобовите, лигаментите и тетивите во телото.

3) Ги подобрува атлетските перформанси

Поголеми мускули создаваат поголема сила и издржуваат подолго пред да настапи заморот.

4) Го продолжува животот

Според податоци од повеќе од 80 000 англиски жители, истражувачи од универзитетот во Сиднеј откриле дека тежинскиот тренинг го намалува ризикот од смрт од било која причина за 23%, а од смрт поврзана со некој канцер за 31%. За подолг живот, тие препорачуваат тежински тренинг во траење од најмалку 50-60 минути неделно и кардио тренинг со умерен интензитет од најмалку 150 минути неделно.

5) Го спречува губењето на мускулната маса поврзано со староста

По 30-тата година, мускулната маса почнува да се намалува доколку не се движиме или вежбаме. Регуларното вежбање со тежини не само што помага за одржување на мускулната маса, туку и за креирање на нова – што ќе биде корисно за здравјето во подоцнежните години од животот.

6) Ја намалува анксиозноста

Истражувања откриваат дека дигањето тегови ја намалува анксиозноста, особено кога се прави во околина во која сте опкружени со други луѓе. По анализирање на 16 студии врз повеќе од 900 субјекти, истражувачите откриле дека ваквиот тренинг 2-3 пати неделни значително ги подобрил симптомите на анксиозност без разлика на неговата должина.

7) Согорува повеќе калории кога одмарате

Додека кардио тренинзите согоруваат повеќе калории за време на вежбањето во споредба со тежинските тренинзи, градењето на мускулна маса со тежински тренинзи ви овозможува да согорувате повеќе калории по вежбањето.

Причината за тоа е што за разлика од маснотиите, мускулите се метаболички активно ткиво кое што повеќе го имате, толку повеќе калории согорува кога одмарате. Половина килограм мускул согорува околу 7 калории дневно кога е неактивен, додека согорувањето на маснотиите троши половина од тоа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби