Вежбате, се обидувате да јадете здраво и доволно да спиете, но сепак се чувствувате како ништо од тоа да не функционира.
Тоа што не се чувствувате дека сте во добра форма, не значи дека тоа навистина е така. Постојат многу знаци кои ја опишуваат формата кои немаат никаква врска со тоа како ви изгледаат мускулите или колку добро ви стојат фармерките. Еве некои од нив:
1) Имате правилна срцева фреквенција
Луѓето кои се во добра физичка форма имаат пониска срцева фреквенција. Нормалната изнесува 60-100 отчукувања во минута, а сè повеќе од ова може да е индикација на висок крвен притисок или некое срцево заболување.
2) Не се заморувате при трчање или пешачење со пријателите
Доколку при трчање или пешачење со средно темпо или качување по скали дишете нормално (а не тешко), тоа значи дека телото ви е во добра физичка форма.
3) За кратко се враќате во нормала после тренинг
Доколку срцевата фреквенција е во здравата зона за помалку од 5 минути по завршениот тренинг, тоа значи дека сте со добра форма.
4) Конзистентни сте со вежбањето
Дури и доколку не вежбате интензивно секој ден од неделата, редовното умерено вежбање прави голема разлика. За оптимална форма, се препорачува аеробна активност со среден интензитет најмалку 30 минути дневно, 5 пати неделно (т.е 150 минути неделно), или пак со висок интензитет најмалку 25 минути, 3 пати неделно (75 минути неделно).
5) Скалите повеќе не ве плашат
Доколку имате избор да користите скали или лифт, а ги одберете скалите, тоа покажува дека сте во форма повеќе отколку што мислите.
6) Се чувствувате одморени
Знаци дека сте во добра форма се подоброто спиење и зголемено ниво на енергија преку ден.
7) Менталното здравје ви е во добра форма
Вежбањето докажано го подобрува и менталното здравје редуцирајќи ја анксиозноста, депресијата, и негативното расположение, притоа подобрувајќи ја самодовербата и когнитивните функции. Тоа исто така ги подобрува симптомите како што се социјалната повлеченост.