Знаци дека треба да си ja зајакнете половината

Имање на силно јадро е многу важно, бидејќи тоа е основата на сите движења кое ги прави телото. Силната половина не само што ќе ви помогне најефикасно да ги направите вежбите, туку и ќе ви ги олесни секојдневните задолженија и ќе ви помогне да избегнете разни повреди.

Еве неколку показатели дека треба да си го зајакнете јадрото:

1) Имате неправилна става

Доколку често сте подгрбавени, тоа е индикација дека половината не ви функционира како што треба, бидејќи ослабените мускули може да ви го искриват телото. Ова може да се исправи така што кога стоите или седите (или возите) треба да го вовлечете малку стомакот и да го исправите рбетот најмногу што можете. Нормално, доколку одите во теретана да правите вежби за зајакнување на јадрото

2) Не можете да го изведете тестот со станување

Еден од најбрзите начини за тестирање на силата на половината е едноставно да седнете на подот и потоа да станете (без разлика со која брзина ги правите движењата) со што помалку асистенција со рацете. Доколку не сте во состојба да станете без да си помагате со рацете на колена или на подот, тоа значи дека дефинитивно ви е потребно зајакнување.

3) Формата на „планк“ не ви е правилна

Неправилната форма на „планк“ како што е паѓање на долниот дел од грбот или потребата да ги раширите нозете за да останете во позицијата е знак дека јадрото ви е слабо.

4) Ненамерно го задржувате здивот при вежбање

Јадрото го овозможува дишењето за време на движењето, а задржувањето на здивот при изведување на вежбите е знак дека ви е потребно негово зајакнување.

Бидејќи секоја вежба има две конзистентни точки – почетната и крајната, за време на првите неколку повторувања задржете се на крајната точка и 2-3 пати вдишете длабоко низ носот и издишете низ устата. Со ова, на половината и овозможувате да ги организира мускулите поврзани со дишењето од стабилизациските мускули.

5) Долниот дел од грбот ве боли или е вкочанет по вежбање

Доколку немате повреда на грбот а ги чувствувате овие симптоми, причината за нив може да е слабото јадро на телото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби