Поврзаноста помеѓу спиењето и болестите

Доколку се чувствувате истоштено, причината за тоа може да е недостатокот на сон.

Нашиот имунолошки систем зависи на квантитетот на квалитетно спиење за да правилно функционира – што значи дека недостатокот од сон може да ја намали неговата ефикасност.

Многу од клучните компоненти на имунолошкиот систем имаат процеси кои го регулираат спиењето, па поради тоа се препорачува најмалку 7-9 часа сон.

Студија од 2017-та објавена во журналот Behavioral Sleep Medicine открила дека здравите факултетски студенти кои страдале од несоница имале послаб одговор на вакцината против грип отколку нивните врсници кои го немале тој проблем, со што им се зголемувал ризикот да заболат од грип.

Бидејќи имунолошкиот систем работи „прекувремено“ кога спиеме, тој токму тогаш се бори со вирусите и ги намалува воспаленијата (кои доколку се хронични се поврзуваат со здравствени проблеми како што се срцевите заболувања, дијабетесот и астмата).

Недостатокот на сон исто така може да ги влоши и симптомите на некои автоимуни болести како ревматоидниот артритис и мултиплекс склерозата, и да предизвика повеќе проблеми со депресијата, болките, и дневното функционирање во споредба со оние кои имаат некое од овие заболувања но немаат проблеми со спиењето.

Затоа, доколку сте настинати или имате грип, избегнувајте ги електронските уреди (кои ве држат будни), пикнете се под покривка и одморете, бидејќи колку сте поистоштени, толку на имунолошкиот систем ќе му треба повеќе време да се бори со бактериите и вирусите, со што само го продолжувате боледувањето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби