Начини за избегнување на опасностите при вежбање во лето

Летото е делот од годината кога многумина решаваат да се префрлат од вежбање во теретана на вежбање на отворено – што со себе носи одредени опасности. Еве како да ги избегнете:

1) Внимавајте на хидратацијата

Дехидрирањето е најважната работа која треба да ја избегнете кога вежбате на отворено во летните денови. Доколку не пиете доволно вода, може да дехидрирате што може да доведе до исцрпување, па и топлотен удар. Докторите сугерираат да се консумираат помеѓу 500 и 600ml. вода 2-3 часа пред вежбањето и 200-300ml. на секои 10 до 20 минути за време на вежбањето.

2) Не вежбајте околу пладне

Најголемите температури во лето се од 10 претпладне до 3 попладне, па така е најдобро тогаш или да вежбате во затворена (климатизирана) просторија и да ги избегнувате вежбите на отворено. Доколку пак тој период се затекнете надвор, задолжително движете се и вежбајте под сенка.

3) Ставајте средство за сончање и кога вежбате

Ставањето на средство за сончање пред одење на плажа или базен е вообичаен процес, кој многумина го забораваат пред да вежбаат на отворено или трчаат. Се препорачуваат средства со заштитен фактор од минимум 30, кое треба повторно да се премачкува секои 2 часа  или почесто доколку многу се потите.

4) Хранете се правилно да ја избегнете дехидратацијата



Само пиење на доволно вода не е доволно да се спречи дехидратацијата, туку треба да се зголеми и внесот на сол и шеќер за да се одржи енергијата при вежбањето во топлите денови. Солената храна помага за одржување на електролитите и намалување на шансите од хипонатремија, медицинска состојба која се појавува кога нивото на натриум е прениско поради пиење премногу вода.

5) Облечете се правилно за високи температури

За вежбање на високи температури, важно е да се носи облека која дише. Материјалите кои ја отстрануваат потта се одлични бидејќи неа ја преместуваат од кожата на надворешниот слој од облеката, од каде што испарува – при што се спречува „лепењето“ на облеката за испотениот дел од телото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Мујо низ Сахара со пешкир на грб и сретнува бедуин и го прашува: уште колку има до морето?
Бедуинот му одговара: па околу 3000км.
Мујо: еј многу далеку, но плажава ви е...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1889.- Роден е Волтер Липман, северноамерикански...
1903.- Над селото Цапари, на Пелистер се водеше...
1939.- Во Лондон умре Сигмунд Фројд, австриски...
1984.- Во Струга умре Владо Малески, македонски...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби