3 начини за справување со болките во мускулите

Доколку некогаш сте вежбале, најверојатно сте се сретнале со задоцнетиот почеток на мускулна болка, познат како DOMS (delayed onset muscle soreness).

Се работи за болка која се појавува 24-48 часа по интензивен тренинг со тежини, трчање на долги патеки и слични активности на кои телото не е прилагодено.

DOMS имаат симптоми на еден вид на мускулна треска, бидејќи сè ве боли и имате чувство дека гори – што е сосема природно, бидејќи се работи за природен физички одговор на телото.

Овие болки се предизвикани од малите оштетувања на мускулните влакна, а за справување со нив постојат неколку начини:

1) Ресетирајте се



По тренингот, поминете уште 5-10 минути правејќи серија лесни движења и длабоко дишење, кои го смируваат и ресетираат нервниот систем.

2) Движете се дури и ако чувствувате болка



Многумина сметаат дека мускулната болка во деновите по вежбањето значи дека треба да одмараат. Иако не треба да правите интензивни тренинзи во тој период, дефинитивно не треба целиот да го преседите, со тоа болката само ќе се влоши. Затоа, шетајте, истегнувајте се, вежбајте јога и слични активности со кои крвта ќе циркулира во оштетените мускулни влакна и тие побрзо ќе се опорават.

3) Внесувајте доволно протеини и јаглехидради



Вашите мускули се најгладни за протеини кои ги обновуваат и јаглехидрати кои ја полнат енергијата во првиот час по завршување на тренингот. Затоа, секогаш внесувајте во телото адекватна количина протеини и јаглехидради бидејќи со тоа го забрзувате процесот на опоравување.

Се препорачуваат 40 грама протеин со секој оброк, додека количината јаглехидрати треба да варира во зависност од активноста – се препорачуваат 130 грама дневно и 200-250 грама во деновите кога тренирате.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби