Што му се случува на телото со недоволно спиење?

Спиењето е од исклучително големо значење за нашето здравје, а недостатокот од него остава последици по човековото тело и психа.

1) Слабеење на меморијата



Студија од истражувачи од UCLA ги истражувала ефектите од неспиењето врз когнитивните функции и било заклучено дека тоа резултирало со неврони кои побавно реагирале и послабо биле активирани, чиј трансфер на електрични импулси исто така бил забавен.

2) Влошување на расположението



Во разни истражувања, субјектите кои биле ограничени на 4.5 часа спиење по само една недела пријавиле дека чувствувале повеќе стрес, лутина и тага. По враќањето на нормалниот распоред на спиење (7-8 часа), нивното расположение драстично се подобрило.

3) Депресија



Студија направена врз 10 000 возрасни открила дека оние со инсомнија имаат 5 пати поголеми шанси да станат депресивни во споредба со оние со редовен сон, како и 20 пати поголеми шанси да развијат некој вид на панично пореметување, како што е анксиозноста.

4) Гоење



Истражување врз 68 000 жени објавено во американскиот епидемиолошки журнал покажало дека оние кои спиеле 5 или помалку часа накачиле над 1kg. повеќе отколку оние со редовен сон, а нивниот ризик да имаат преголема телесна тежина бил за 15% поголем.

5) Зголемување на ризикот од дијабетес



Кога телото функционира со малку спиење, компензира со зголемување на нивот она хормоните на стрес како коритизолот за да не одржува будни. Како резултат на ова, при варењето на храната се ослободува помалку инсулин и глукозата останува во крвотокот подолго отколку што треба – со што се зголемува ризикот од дијабетес.

6) Се намалува имунитетот



Една студија направена врз 11 пара идентични близнаци покажала дека близнакот кој не спиел доволно имал послаб имунолошки систем.

7) Се губи либидото



Либидото и кај мажите и кај жените се намалува поради недоволно спиење. Кај мажите, причината за тоа е тестостеронот чие ниво значително се намалува од неспиењето, додека кај жените неспиењето предизвикува иритација и намалена енергија, што ја намалува и желбата за секс.

8) Се зголемува шансата за Алцхајмерова болест



Кога оваа болест се развива, протеинот познат како амилоид-бета се таложи во мозокот и ја пореметува правилната функција на клетките. Само една непроспиена ноќ може значително да го зголеми нивото на овој протеин во мозокот, што значи дека хроничната несоница многу лошо влијае на здравјето на мозокот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби