Што му се случува на мозокот кога сте на диета?

Постојат неброени совети, трикови, рецепти и планови за исхрана кои промовираат различни начини за слабеење.

Првата работа која мора да се сфати е дека телото си има еден вид на своја „среќна тежина“, односно количина на маснотии потребни за негова оптимална функција. Таа е одредена од двата хормони на глад одговорни за нејзино регулирање – грелин и лептин.

Грелинот е познат како „хормон на гладот“ и се излачува кога енергијата во мозокот е на ниско ниво. Овој хормон го креира чувството на глад кое телото го убедува да консумира глукоза – изворот на енергија за мозокот. Лептинот, пак, е познат како „хормон на ситоста“, бидејќи му сигнализира на мозокот кога имате доволно изедено и енергетските нивоа се вратени на нормала.

Овие сигнали имаат 3 примарни функции – му кажуваат на телото кога да бара храна, кога да забави за да ја сочува енергијата и кога да ја складира енергијата за да има од што да преживее во случај на прегладнетост. Тоа значи дека вашиот мозок не е загрижен за тоа телото да изгледа слабо и убаво, туку за да го одржи во живот.

Затоа, кога започнувате нова диета или не внесувате доволно храна која би произвела енергија која му е потребна на мозокот, искусувате симптоми како слабост, глад, депресија и главоболки. Добрата вест е што по неколку недели мозокот ги намалува овие сигнали и телото си наоѓа нова цел во поглед на „среќната тежина“.

Откога тоа ќе се случи, се намалува апетитот и желбата за јадење, а мозокот се адаптира да е комфорен и со помала телесна тежина.

Начинот на кој што се менува состојбата на мозокот може да потрае месеци, па и години, што е причината за постигнувањето на целната тежина да биде долгорочен процес. Доколку тоа се случи за кратко време, по изгубените килограми ќе дојдете до плато т.е стагнирање по кое тежината повторно ќе се врати.



Уште една варијабла е квалитетот на диетата. Затоа, докторите препорачуваат да се јаде храна која што е што помалку процесирана или рафинирана и која нема премногу калории. Тука спаѓаат овошјето и зеленчукот, немасното месо, живината, рибите и целите зрна.

Важно е да се напомене дека е потребно да се внесува разновидна храна а не да се изгладнува, бидејќи тоа го прави мозокот среќен што помага во губењето на тежината.

Доколку премногу ја ограничуваме храната (или комплетно избегнуваме да јадеме одредени продукти), кога ќе изедеме нешто премногу масно или со многу шеќер, нашиот мозок испушта хемикалии кои овие искуства ги прават да ги доживуваме како награда. Така, кога јадеме „џанк фуд“, се активира допаминот – што е мозочна стимулација која не се среќава при јадење на „диетална храна“ како на пр. брокула и стек.

Недостатокот на допамин кој доаѓа од ограничувачките строги диети значи и дека шансата диетата да се прекине се зголемува бидејќи не се чувствуваме задоволни и „наградени“ од храната, состојба наречена „когнитивна дисторзија“ што е всушност модел на негативно размислување.

Строгите правила и нереалните очекувања во врска со јадењето кои ги поставуваат повеќето модерни диети (особено оние за брзо слабеење) не се најдобрите стратегии за вашето тело и мозок.

Наместо тоа, фокусирајте се на квалитетот на исхраната, слушајте си го телото во врска со гладот и задолжително вклучете ја физичката активност како редовен дел од вашиот живот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби