Здравствени прегледи кои секоја жена се препорачува да ги направи

Регуларните медицински прегледи се клучни за превенција на скапи медицински третмани, сериозни заболувања, па дури и прерана смрт, бидејќи што порано се забележат раните симптоми на некоја болест, толку порано може да започне третманот за неа. Иако дел од овие прегледи се непријатни, тоа не значи дека треба да се избегнуваат. Еве кои сè прегледи се препорачуваат:

1) Пап тест и карличен испит



Жените постари од 21 година задолжително би требало да ги направат овие испитувања, а во зависност од возраста докторот може да препорача тие да се прават секоја година, или пак на секои 2 или 3 години. Пап тестот е метода со која се испитуваат промените на грлото на матката, додека карличниот испит (т.е тест на пелвисот) вклучува испитување на вулвата и внатрешните репродуктивни органи – вагината, грлото на матката, јајниците, фалопиевите туби и матката.

2) Мамограм



Жените во нивните 20-ти треба да посетуваат клинички испитувања на градите на неколку години, покрај месечните прегледи кои самите можат да си ги прават со опипување на градите. Во зависност од докторските препораки, на возраст од 40 до 50 години жената треба да го направи првиот мамограм - рентген снимка на дојките која се добива со мамографија со кој може да се детектираат болести како рак на дојката.

3) Посета на ортопед



Годините поминати на високи потпетици можат да создадат проблеми на стапалата, исто како и бременоста, зголемувањето на телесната тежина и други фактори. Регуларните посети на ортопед помагаат во откривање на потенцијалните проблеми со стапалата, како и третирање на веќе постоечки проблеми.

4) Тест за густина на коските



Жените на старост од 65 и повеќе години треба редовно да го прават овој тест, додека помладите кои покажуваат некој од ризичните фактори за остеопороза (како што е ситна конструкција или чести фрактури на коските) треба да разговараат со своите доктори за да им биде закажан основен тест од овој вид.

5) Психолог или фамилијарен терапевт



Исклучително е корисно и здраво за разните проблеми во животот да се зборува со лиценциран професионалец кој ќе помогне во справувањето со нив и ќе препорача разни терапии и практични вежби кои би предизвикале промени во размислувањето или акциите кои се превземаат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби