Медот се користи скоро 8000 години како еден вид лек, а покрај засладувањето има полно здравствени и козметички придобивки.
1) Ја навлажнува кожата

Дерматолози го препорачуваат медот како навлажнувач на кожата за третирање проблеми како сува кожа и акни. Неговиот хидрантен ефект се должи на молекулите шеќер кои помагаат во задржувањето на водата во кожата.
2) Го намалува мамурлакот
Фруктозата која ја има во медот му помага не телото поефективно да го обработи алкохолот, па така научниците сугерираат за лечење на мамурлакот да се додаде мед на двопек, што покрај калиумот и натриумот од лебот помагаат за олеснување на симптомите.
3) Добар извор на антиоксиданси

Колку потемен е медот, толку повеќе антиоксиданси содржи. Тие го спречуваат оштетувањето на клетките што го зголемува ризикот од болести како оние на срцето, канцерите и сл.
4) Ефективен лек против кашлица
Топла вода со лимон измешана со мед е одличен начин за лечење на засипнато грло, но и за спречување на кашлица.
5) Помага за лекување на рани
Студија од 2011-та објаснила дека медот има корисни карактеристики, како што е стимулацијата на растот на ткивата, минимизирање на формацијата на лузни и подобрена епителизација (заздравување на рана). Дури постои и фармацевтски продукт базиран на мед наречен Medihoney, кој се користи за заздравување на рани.